ЗИМСКАТА ПРИКАЗНА И НОВОГОДИШНИОТ БЛЕСОК НА БИТОЛА ЌЕ ЗАПОЧНАТ ОД СТАРАТА БИТОЛСКА ЧАРШИЈА

169

Низ приказните од Старата битолска чаршија исполнети со историјата, традицијата и безвремениот мелос, Битола започнува да ја ткае својата Зимска приказна. Зачинета со вкусот на топлото турско кафе, мирисот на варено вино и вкусна храна низ занаетчиските улици, трговските сокаци каде спојот на денешната и минатото создава носталгија, чаршијата се подготвува да ја доближе својата приказна до младите генерации, но и да го врати џагорот, заживувајќи низ светлината која ја заслужува. Токму затоа, Општина Битола, годинава во својата „Зимска приказна“, го става срцето на Старата чаршија, од каде ќе започне новогодишното украсување на градот. Иако, изостана понуда на идејно решение за новогодишно украсување на Битола на јавниот повик, објавен од општината во април годинава, сепак повеќе субјекти од градот покажаа интерес за свој придонес во планирањето на овогодишната Зимска приказна и новогодишниот блесок на градот. На состанокот одржан со претставници од чаршијата и невладиниот сектор кој се залага за нова гастрономска култура инспирирана од традицијата, беше договорено, општината преку своите соработници да ја креира главната слика на украсувањето на чаршијата, збогатена со новогодишни елки, светлечки и други елементи, а новогодишниот базар презентиран низ штандови и куќарки, да биде збогатен со културно – забавни содржини, кои ќе придонесат чаршијата да живее во текот на целиот ден. Согласно планираното, се повикуваат и сите дуќанџии преку украсување на своите дуќани, во духот на приложената фотографија, да дадат свое учество во креирањето на магичната зимска приказна на Битолската Стара чаршија. Во новогодишна светлина, општината ќе се погрижи да заблескаат и Саат кулата, плоштадот Магнолија […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКузеска го соголи Ковачевски, призна дека не прифаќаа двојни избори од ароганција иако знаеле дека тоа ќе ги чини граѓаните помалку пари
Следно соопштениеДодека за директорот на „Македонија пат“ забавата почнува, граѓаните се заглавени на Стража и Маврово, оставка!