Змејкоски и Димовска со медали од ЕП во кик бокс

57
Змејкоски и Димовска со медали од ЕП во кик бокс

Лука Змејкоски зaгуби со прекин во полуфинaлето на Европското кик бокс првенство за млади во Јесоло-Венеција, од Гркот Јоаннис Емануилидис.

„Грчкиот натпреварувач не прикажа никаква техника, ниту подготвеност, освен што беше многу потежок и повисок. Таква е категоријата над 81 килограм, може да има голема разлика во килажата и, едноставно, нашиот натпреварувач не можеше да се носи со него“, изјави селекторот Дејан Митровски – Урко.

Така, Змејкоски го освои бронзениот медал на ЕП. Ова е прв медал за Македонија на првенството.

И Марија Димовска се закити со бронзен недал на Европското кик бокс првенство за млади во Јесоло-Венеција.

Димовска во полуфиналето е поразена од Рабија Карадаш од Турција со 1-2.

„Марија ја загуби борбата во полуфиналето против турската натпреварувачка Карадаш Рабија. Сите рунди беа тенки во резултатот и во последната рунда ја загуби борбата за еден бод“, велчи селекторот Дејан Митровски-Урко.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОПШТИНАТА ГИ НАГРАДИ НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ И СПОРТИСТИ
Следно соопштениеСоветници на СДСМ открија дива депонија во Илинден – наместо расчистување, добија закани од власта