Зошто Спасовски молчи за дојавите за бомби и не реагира соодветно? Дали свесно остава простор да се шири паника?

189
Зошто Спасовски молчи за дојавите за бомби и не реагира соодветно? Дали свесно остава простор да се шири паника?

ВМРО-ДПМНЕ не молчи, ВМРО-ДПМНЕ ве повикува да свртите 192 и да го прашате Спасовски што работи, освен кога не штити нарко трафиканти и дилери.

Што работи Спасовски освен што е партнер на криминалците? Дали МВР има време да се занимава со безбедноста на граѓаните, кога е зафатена со прикривање на случаи како дивеењето на синот на заменик министерот Буши или кога нивни командири како тој во Прилеп се фатени во наркотрговија?

Со Спасовски МВР стана партнер на криминалот, и се понижени сите професионалци во службата.

Срам за власта е што таа со месеци не може да открие кој стои зад лажните дојави за бомби и да го спречи таквиот чин, кој внесува немир и несигурност кај граѓаните.

Зошто МВР не реагира соодветно и не ги спречи дојавите за бомби, и дали свесно остава простор за да се шири паника? Дали Спасовски свесно молчи и со тоа влијае на создавање на уште поголем хаос, во кој криминалците ќе може да дејствуваат?

Извор на соопштението

Претходно соопштениеТомовски: Растурањето на пердуви и карањето со новинари на Груби е бегство од скандалот со надзорот на градбата на коридорот 8
Следно соопштениеНеспособната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја доврши Универзална сала