11 Октомври е светол датум кој Македонија ја прави победник, важно е денешниот ден да не го заборавиме, честит 11 Октомври

139
11 Октомври е светол датум кој Македонија ја прави победник, важно е денешниот ден да не го заборавиме, честит 11 Октомври

Важно е да не заборавиме, да се сеќаваме и да почитуваме!

Важно е да не ги заборавиме сите наши борби за независна Македонија.

Важно е да се знае дека 11 Октомври е продолжение на илинденската борба за слобода, ден кој е почеток на борбата против фашизмот.

Важно е да не се заборави дека овој ден е почеток на борбата на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор. Оваа битка беше финалето на борбата што ќе ни ја донесе независна Македонија. Да не ги заборавиме борците во оваа војна кои го дадоа својот живот за независна и слободна Македонија. За горда Македонија, за држава што е татковина на македонскиот народ и останатите кои застанаа на страната против фашизмот.

Да веруваме во нашите “борби” бидејќи историјата покажува дека македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна. На страната на правдата, за оние кои веруваат во вредности, и оние што веруваат во слободата, во заедничкиот живот и патриотизам.

Важно е да ја почитуваме и учиме историјата, за да ги научиме од грешките, да бидеме обединети и сплотени, да го слушаме гласот на народот и да се спротивставиме на оние кои распродаваат, преговараат и уценуваат.

11 Октомври е светлиот датум кој Македонија ја прави победник.

Важно е денешниот ден да не го заборавиме, почитуваме и се поклониме.

Честит 11 Октомври!

Да живее слободна Македонија!

11 Октомври е светол датум кој Македонија ја прави победник, важно е денешниот ден да не го заборавиме, честит 11 Октомври

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Пролет борбен и мотивиран, но бодовите заминаа за Битола
Следно соопштениеМицкоски: Важно е младите да ги имаат сите услови дома, ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план за стимулација на научно – истражувачки центри наречени RND, а ќе се изгради и студентски центар