РК Еурофарм Пелистер – Пролет борбен и мотивиран, но бодовите заминаа за Битола

118
РК Еурофарм Пелистер – Пролет борбен и мотивиран, но бодовите заминаа за Битола

Пролет – Еурофарм Пелистер 22-26 (11-14)

Актуелниот македонски првак, Еурофарм Пелистер избори победа над Тинекс Пролет од 22-26 во вечерашната средба во Суперлигата. Домаќините парираа и пружија отпор, меѓутоа Пелистер секогаш го имаше последниот збор, пронаоѓаше решенија и го прокнижи петтиот триумф во шестиот натпревар во групата Б

Тајник со пет и Радивојевиќ со четири гола се истакнаа кај битолчани, додека Василевски, Димковски и Палевски со по четири гола беа најдобри кај Пролет. За битолчани ова беше петта победа во низа во домашниот шампионат и со тоа остана на втората позиција на табелата, додека Пролет го претрпе вториот пораз.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Б група – шесто коло

Пролет – Еурофарм Пелистер 22-26 (11-14)

Спортска сала „Македонско сонце“ – Скопје
Гледачи: 200
Судии: Глигор и Спаско Ќаеви

Пролет:
Михаљевиќ, Петковски, Николовски 1, Тотиќ, Пецаковски 1, Василевски 4, Кочаров, Додевски 3, Димов 1, Андоновски 3, Мајнов, Димковски 4, Стојановски, Палевски 4, Арсеновски 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 12 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Цехте 2, Кузманоски 2, Тајник 5, Кисум 2, Танкоски 2, Радивојевиќ 4, Костески, Нилсон, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски, Пешевски 2, Сери 2, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 2/0
Исклучувања: 10 минути

Во следното седмо коло, в сабота попладне Еурофарм Пелистер ќе го пречека пелагонискиот ривал Прилеп.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМалку беше инфлацијата, владата двојно ја зголеми стапката на ДДВ за производи кои секој ден народот ги купува, за да го полни буџетот
Следно соопштение11 Октомври е светол датум кој Македонија ја прави победник, важно е денешниот ден да не го заборавиме, честит 11 Октомври