АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДЕПОНИЈАТА КАЈ СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

100
АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДЕПОНИЈАТА КАЈ СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Општинските служби задолжени за хигиената на јавниот простор во текот на вчерашниот ден започнаа со расчистување на мини депонијата која се наоѓа во близина на СЦ Борис Трајковски. Оваа мини депонија веќе некој период несовесно се полни со шут и друг отпад и имаше тенденција да прерасне во сериозен извор на загадување, па оттука општината интервенираше и спроведува акција за нејзино расчистување, како и поставување на заштитна рампа која би спречила повторно депонирање на отпад. Воедно, инспекторатот од Општина Карпош будно ќе следи и превенира случаи на несовесно фрлање на отпад и истите ќе ги казнува согласно своите надлежности и законски прописи на целата територија на Општина Карпош.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Шампионот започна со подготовките за вториот дел на сезоната
Следно соопштениеТехничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година