РК Еурофарм Пелистер – Шампионот започна со подготовките за вториот дел на сезоната

107
РК Еурофарм Пелистер – Шампионот започна со подготовките за вториот дел на сезоната

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Без девет репрезентативци, кои ќе настапат на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, пелистерци одржаа работен состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“. Под палката на асистентот Алексо Лембанов, ракометарите ја одработија првата тренинг сесија.

Деновиве се очекува пристигнувањето на новиот тренер Стевче Алушовски и комплетирање на ростерот со доаѓањето на Алем Хаџиќ и Саид Хаидарирад. Во текот на месец јануари Еурофарм Пелистер ќе се подготвува во Битола и ќе одигра неколку тест натпревари.

Првиот официјален натпревар во Суперлигата Еурофарм Пелистер ќе го одигра на 7 февруари против Еурофарм Пелистер 2. Лигата на шампионите продолжува на 19 февруари со домашниот дуел со Висла Плоцк.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Лембанов: Секогаш имаме високи амбиции, целта ни се двете домашни титули
Следно соопштениеАКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДЕПОНИЈАТА КАЈ СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ