Бобан Илиоски ја одбрани светската кик бокс титула!

60
Бобан Илиоски ја одбрани светската кик бокс титула!

Најдобриот македонски спортист за 2024 година, Бобан Илиоски ја одбрани светската кик бокс титула на ВАКО Про до 88,6 килограми во К1.

Илиоски синоќа со прекин во втората рунда го совлада Кадри Мурсели од Франција на настанот во Женева, Швајцарија. Успехот е голем особено ако се земе во предвид дека тој одлучил да настапи и покрај тоа што имал повреда.

Нашиот млад кик-боксер на овој начин продолжи со одличните резултати, минатата година во Скопје го совлада Берк Дузенли од Турција со 2-1.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Тешка повреда на Самоил Ристевски, заврши сезоната за кружниот напаѓач
Следно соопштениеТошковски призна скандалозен тендер кој го доделил во МВР