РК Еурофарм Пелистер – Тешка повреда на Самоил Ристевски, заврши сезоната за кружниот напаѓач

57
РК Еурофарм Пелистер – Тешка повреда на Самоил Ристевски, заврши сезоната за кружниот напаѓач

Еурофарм Пелистер остана на подолг период без кружниот напаѓач Самоил Ристевски. Тој ја скрши ногата на полуфиналниот натпревар од младинското првенство против „сино-белите“ од Автокоманда.

Клубот објави дека веднаш е извршен оперативен зафат, сезоната за него е завршена, но допрва ќе се знае колку ќе паузира.

Ова се лоши вести и за селекторот на младинците, Раде Стојановиќ, кој нема да смета на Ристевски за настапот на Светското првенство во Полска.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСо изземањето на Филипче од случајот Онкологија, судиите и обвинителите уште еднаш покажаа клиентелистички и поданички однос кон СДС
Следно соопштениеБобан Илиоски ја одбрани светската кик бокс титула!