Богојавление – Водици свечено одбележано на базенот „Авариус“ во Струмица

90
Богојавление – Водици свечено одбележано на базенот „Авариус“ во Струмица

Денеска е Богојавление -Водици, еден од најголемите христијански празници. Традиционално во Струмица беше одбележан на базенот ,,Авариус” каде на осветувањето на Светиот крст и неговото положување во водите на базенот присуствуваа поголем број граѓани, а со нив беше и градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков.

И оваа година најбрз беше и Крстот го фати Васко Дрвошанов од селото Куклиш.

Тој од градоначалникот Јанков доби подарок – Крст реликвијар од локалитетот ,,Цареви кули” како симбол на благослов и благосостојба.

Среќен празник на сите коишто го празнуваат, нека носи здравје и среќа во новото лето Господово!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Алушовски го одработи првиот тренинг, шампионот полека се комплетира
Следно соопштениеФилипче е жално што не знае по која црковна традиција се води црквата, проблемот е што тој е изгубен во времето и просторот и не се води по ниту еден календар