РК Еурофарм Пелистер – Алушовски го одработи првиот тренинг, шампионот полека се комплетира

87
РК Еурофарм Пелистер – Алушовски го одработи првиот тренинг, шампионот полека се комплетира

Стевче Алушовски официјално го презеде тимот и денеска за првпат го водеше тренингот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, со јасна цел, да ги исполни високите амбиции на клубот и очекувањата на навивачите.

Во изминатите пет дена екипата тренираше под раководство на Алексо Лембанов и Ице Соколески. „Зелено-белите“ до крајот на сезоната ги чека жестока борба за врвот во домашното првенство и одбрана на титулите во Суперлигата и Купот на Македонија.

Репрезентативците кои моментално настапуваат на Европското првенство и на првенството на Средна и Јужна Америка, ќе му се приклучат на тимот веднаш по завршувањето на обврските со националните тимови.

Еурофарм Пелистер во Супер лигата се враќа во акција на 7 февруари, а паралелно го чека и продолжението од настапите во Лигата на шампионите. Таму битолчани ќе одиграат најмалку уште четири меча против европски гиганти и силни ривали – Висла Плок, ГОГ Гудме, ПСЖ и Барселона.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС вршеле рекет сред пандемија, со закани уцени и притисоци Заев и Филипче сакале да ја превземат болницата Жан Митрев
Следно соопштениеБогојавление – Водици свечено одбележано на базенот „Авариус“ во Струмица