Буџетот за високо образование од 3 милијарди во 2022 зголемен на 8 милијарди денари во 2026, а средствата за наука од 380 на 773 милиони

6
Буџетот за високо образование од 3 милијарди во 2022 зголемен на 8 милијарди денари во 2026, а средствата за наука од 380 на 773 милиони

Посветеноста на една влада за подобрување на состојбите во образование, може да се види по реализираните инвестиции и висината на одвоени средства од Буџетот.

А, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа го покажува на дело и во изминатите две години реализираше најголеми инвестиции во науката и во основното, средното и високо образование, каде Буџетот во 2026 година достигна рекордни 40 милијарди денари.

Ова е значително зголемување споредено со 2024 година кога на власт сè уште беше СДС, а буџетот за образование изнесуваше 32 милијарди денари.

Веднаш откако СДС замина во опозиција, а ВМРО-ДПМНЕ ја презема одговорноста да управува со институциите, се обезбедија дополнителни 900 милиони денари за редовна исплата на платите во училиштата и 1,4 милијарди денари за повисоки плати на универзитетските професори.

Посебно внимание се посвети на високото образование, при што буџетот во 2026 година се зголеми на 8 милијарди денари, што е за скоро три пати повеќе споредено со 2022 кога изнесувал помалку и од 3 милијарди.

Науката има централно место во креирањето на образовните политики и обезбедувањето средства за нивно непречено и успешно реализирање, така буџетот наменет за наука од 380 на 773 милиони денари и само во 2025 година се обезбедија околу 370 милиони денари за педесетина научноистражувачки проекти од национален интерес.

Во изминатите години, по години застој, повторно се инвестира и во инфраструктурата, при што реновирани се два државни студентски дома кои наскоро ќе бидат ставени во функција, започна реализацијата на долгогодишно блокираниот проект за новите објекти на ФИНКИ, започната е и постапката за изградба на нов објект за Факултетот за физичка култура, спорт и здравје.

Освен со зголемени финансиски средства и вложување во инфраструктурата, со цел враќање на квалитетот во високото образование, потребни беа да се преземат и други сериозни чекори.

И токму во интерес на квалитетот на високото образование, се затворија 18 приватни научни институти и високообразовни установи кои не работеле согласно закон, а се подготвува и нова законска рамка за дополнително унапредување на системот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради систем кој инвестира во квалитет, знаење, наука и во подобра иднината на новите генерации.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКоалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?
Следно соопштениеГраѓаните препознаа дека политиката и целта на СДС, ДУИ и Левица е противење и блокирање на државата, а не подобар Изборен законик