Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

5
Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс, излегоа на површина.

Според информациите постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа.

Во изминатите денови над 1000 гостиварски граѓани, меѓу кои и деца со симптоми на труење побарале лекарска помош во болница, а според сомнежите, причина за тоа е загадувањето на питката вода во Гостивар.

Ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата СДС, ДУИ и Таравари, на ваков непрофесионален, аматерски и незаконски начин ги извршуваат работните активности за кои граѓаните ги избрале.

Ваквиот начин на водење на локална самоуправа, кој граѓаните ги остави без елементарно право на чиста и безбедна вода за пиење, е доказ дека СДС, ДУИ и Таравари немаат капацитет да ја водат општината.

Во овие неизвесни моменти, ВМРО-ДПМНЕ е заедно со гостиварчани, го осудува овој скандал во Гостивар и изразува загриженост за здравјето и животот на граѓаните.

Граѓаните заслужуваат достоинствени услови за живот и тоа го очекуваат од нивните локални избраници, а не да живеат во страв поради неодговорното владеење на СДС, ДУИ и Таравари.

Бараме и очекуваме целосно расветлување на случајот од страна на сите надлежни институции и повикуваме секој кој со своите постапки го загрозил здравјето и го ставил во опасност животот на граѓаните, да одговара согласно закон.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПо однос на позициите на Владата ги упатуваме СДС на статусот на Заменикот Државен Секретар Ландау
Следно соопштениеБуџетот за високо образование од 3 милијарди во 2022 зголемен на 8 милијарди денари во 2026, а средствата за наука од 380 на 773 милиони