Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/soopstenie/public_html/wp-includes/functions.php on line 6170

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /home/soopstenie/public_html/wp-includes/functions.php:6170) in /home/soopstenie/public_html/wp-includes/feed-rss2.php on line 8
ГРАЃАНСТВО Archives - SOOPSTENIE.mk https://soopstenie.mk/category/gragjanstvo/ Платформа за објава на соопштенија Fri, 17 Jul 2026 13:45:01 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.0.2 Децата гледаат: насилството во Собранието станува модел за булинг https://soopstenie.mk/decata-gledaat-nasilstvoto-vo-sobranieto-stanuva-model-za-buling/ Fri, 17 Jul 2026 13:45:01 +0000 https://soopstenie.mk/?p=49509 Мрежата за заштита од дискриминација најостро го осудува засилувањето на навредливиот и насилнички говор, како и насилството врз жените во политиката во Собранието. Во време кога јавноста речиси секојдневно сведочи на булинг, физичко насилство, понижување и суровост меѓу децата и младите, секој што ја користи собраниската говорница мора да биде свесен за тежината на својата […]

The post Децата гледаат: насилството во Собранието станува модел за булинг appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
Мрежата за заштита од дискриминација најостро го осудува засилувањето на навредливиот и насилнички говор, како и насилството врз жените во политиката во Собранието.

Во време кога јавноста речиси секојдневно сведочи на булинг, физичко насилство, понижување и суровост меѓу децата и младите, секој што ја користи собраниската говорница мора да биде свесен за тежината на својата функција. Пратениците, министрите и другите носители на јавни функции не се само учесници во политичка пресметка – тие се јавни модели чие однесување децата го гледаат, го усвојуваат и го повторуваат.

Децата не учат само од она што им го зборуваме, туку многу повеќе од она што го гледаат. Кога во законодавниот дом како највисока институција во државата гледаат навреди, викање, закани, понижување и агресија без одговорност и последици, тие добиваат јасна порака дека насилството е дозволен начин за стекнување моќ, внимание и надмоќ над другиот.

Затоа, да не се чудиме кога истите модели ќе ги препознаеме во училишните ходници, на игралиштата и на социјалните мрежи. Да не ги бараме причините за булингот само кај децата, семејствата и училиштата, додека најмоќните возрасни лица во државата јавно демонстрираат дека оној што е погласен, поагресивен и побрутален може да го замолчи и понижи другиот.

Ако насилството во Собранието се прифаќа, премолчува или релативизира, тогаш какво однесување очекуваме од децата? Институциите го губат легитимитетот  да бараат ненасилство од младите доколку самите го произведуваат, нормализираат и легитимираат насилството.

Особено загрижува употребата на родово понижувачки квалификации кон жените во политиката – но и фактот што таквиот јазик го употребуваат и жените.

Феминистичките организации со децении се бореа за повеќе жени во Собранието, Владата и на другите места на одлучување. Се бореа жените да бидат гласот на оние што се исклучени, да ги застапуваат потребите на сите жени и да внесат повеќе еднаквост, солидарност и одговорност во политиката. Не се бориме жените да добијат место во институциите за да го преземат најлошото од шовинистичката политичка култура и да го насочат кон други жени.

Поголемата застапеност на жените не е само прашање на бројки. Таа треба да значи и поинаква политичка практика. Партиската припадност не може да биде оправдување за отсуство на женска солидарност и за учество во јавното понижување на жените.

Потсетуваме дека Собранието пред само неколку дена го промовираше новиот Кодекс за етичко однесување како „темел на новата парламентарна култура“. Кодексот бара заемно почитување, аргументирана дебата и личен пример, забранува шовинистички јазик и обврзува говорот да не предизвикува омраза, нетрпеливост или насилство, вклучително и врз родова основа.

Однесувањето што го сведочиме е во директна спротивност со принципите со кои Собранието јавно се пофали.

Граѓаните не го бираат и не го плаќаат Собранието за да гледаат навреди, закани и лични пресметки. Тие имаат право на институција во која различните политички ставови ќе се судираат со аргументи, а достоинството на секој човек ќе биде заштитено.

Од сите избрани и именувани функционери, а особено од раководството на Собранието, бараме да бидат достоинствени претставници на граѓаните и да го сочуваат угледот на институцијата што се нарекува дом на граѓаните.

Етичкиот кодекс не смее да биде уште еден документ за промоција и фотографирање. Дигнитетот на Собранието не се брани со свечени говори, туку со одговорност, постапување и последици за оние што го погазуваат.

Извор на соопштението

The post Децата гледаат: насилството во Собранието станува модел за булинг appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
ЖЕНИТЕ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН ПРВПАТ ДОБИВААТ ПРИСТАП ДО МЕДИКАМЕНТОЗЕН АБОРТУС ПОБЛИСКУ ДО МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ https://soopstenie.mk/zhenite-od-pelagoniskiot-region-prvpat-dobivaat-pristap-do-medikamentozen-abortus-poblisku-do-mestoto-na-zhiveenje/ Mon, 13 Jul 2026 13:13:53 +0000 https://soopstenie.mk/?p=49386 ХЕРА и Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола го отворија првото Советувалиште за медикаментозен абортус надвор од Скопје, проширувајќи го пристапот до безбеден абортус и современи услуги за сексуално и репродуктивно здравје во Северна Македонија. Ова Советувалиште, покрај тоа во Скопје, е второ во рамки на јавното здравство во Северна Македонија. Со тоа, за […]

The post ЖЕНИТЕ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН ПРВПАТ ДОБИВААТ ПРИСТАП ДО МЕДИКАМЕНТОЗЕН АБОРТУС ПОБЛИСКУ ДО МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
ХЕРА и Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола го отворија првото Советувалиште за медикаментозен абортус надвор од Скопје, проширувајќи го пристапот до безбеден абортус и современи услуги за сексуално и репродуктивно здравје во Северна Македонија. Ова Советувалиште, покрај тоа во Скопје, е второ во рамки на јавното здравство во Северна Македонија. Со тоа, за првпат жените од Пелагонискиот регион, како и од соседните региони, добиваат пристап до оваа здравствена услуга поблиску до местото на живеење, што е предуслов за навремена, достапна и реално остварлива услуга.

Со отворањето на Советувалиштето во Битола значително се намалуваат географските, финансиските и организациските бариери со кои досега се соочуваа жените од Пелагонискиот регион и пошироко, а особено жените од руралните средини, ранливите и маргинализираните заедници, за кои патувањето до Скопје често претставуваше дополнителен товар и пречка за навремен пристап до здравствена грижа. 

Советувалиштето во Битола е воспоставено по моделот развиен на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, каде услугата успешно се обезбедува од 2021 година. Во рамки на партнерството со ХЕРА беа адаптирани просторот и условите за работа, набавена е потребната медицинска опрема, обучен е здравствениот тим, а преку менторство и размена на практични искуства од страна на експертите од Универзитетската клиника се воспостави нов и одржлив капацитет во рамки на јавното здравство.

„Како јавна здравствена установа, наша обврска е постојано да ги развиваме услугите што им ги нудиме на граѓаните. Отворањето на ова Советувалиште е дел од таа заложба – да воведуваме современи здравствени услуги, да ги јакнеме капацитетите на здравствените работници и да градиме болница во која пациентите имаат доверба. За една јавна здравствена установа, воведувањето на нова здравствена услуга е истовремено и можност и одговорност. Затоа особено ја цениме соработката со ХЕРА и стручната поддршка од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, кои ни помогнаа ова Советувалиште да го воспоставиме според највисоките професионални стандарди“, изјави спец. д-р Ненси Лозанче, директорка на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола.

„Како гинеколози, наша обврска е на пациентките да им обезбедиме здравствена грижа што се темели на научни докази и современи медицински стандарди. Со воспоставувањето на ова Советувалиште, жените за првпат ќе можат да добијат целосна здравствена услуга за медикаментозен абортус во нашата болница, во безбедна, доверлива и достоинствена средина, согласно препораките на Светската здравствена организација и националните клинички упатства“, изјави спец. д-р Михајло Вангелов, раководител на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола.

„Вредноста на здравствените политики не се мери според бројот на усвоени документи, туку според тоа дали тие се претвораат во реални здравствени услуги достапни за граѓаните. Денес го правиме токму тоа. Податоците од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство покажуваат дека 93,5 % од абортусите се медикаментозни кога оваа услуга е достапна, што потврдува дека жените ја препознаваат како безбедна, прифатлива и современа метода. Отворањето на Советувалиштето во Битола претставува важен чекор кон зајакнување на репродуктивната слобода на жените и обезбедување еднаков пристап до квалитетни услуги за сексуално и репродуктивно здравје “, изјави спец. д-р Велимир Савески, претседател на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Медикаментозниот абортус е безбедна, високо ефективна и неинвазивна метода за прекин на бременоста, препорачана од Светската здравствена организација како стандарден дел од современата здравствена заштита. Кога се обезбедува согласно клиничките упатства, методата е успешна во повеќе од 95 % од случаите, поврзана е со помал ризик од компликации и овозможува поголема приватност, достоинство и комфор за жените. Податоците од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје за 2024 година покажуваат дека 93,5 % од сите абортуси биле извршени со медикаментозна метода, што јасно потврдува дека кога оваа услуга е достапна, жените ја препознаваат како безбедна и прифатлива опција.

Проширувањето на пристапот до современи услуги за сексуално и репродуктивно здравје претставува инвестиција во јавното здравство, но и во еднаквоста, достоинството и здравјето на жените. Само здравствен систем што обезбедува навремен и еднаков пристап до квалитетни услуги за сите, вклучително и за жените од ранливите и маргинализирани заедници, може вистински да одговори на потребите на граѓаните.

Советувалиштето за медикаментозен абортус е воспоставено во рамки на проектот „Проширување на пристапот до безбеден абортус во Република Северна Македонија“, кој ХЕРА го реализира со поддршка од Safe Abortion Action Fund и Меѓународната федерација за планирано родителство.

Контакт за медиуми:

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

hera@hera.org.mk 

ЈЗУ Клиничка Болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола

kbbitola@gmail.com

Извор на соопштението

The post ЖЕНИТЕ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН ПРВПАТ ДОБИВААТ ПРИСТАП ДО МЕДИКАМЕНТОЗЕН АБОРТУС ПОБЛИСКУ ДО МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
ДЕМОГРАФСКАТА ОТПОРНОСТ СЕ ГРАДИ СО КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ, РЕПРОДУКТИВНИ ПРАВА И РОДОВА ЕДНАКВОСТ https://soopstenie.mk/demografskata-otpornost-se-gradi-so-kvaliteten-zhivot-reproduktivni-prava-i-rodova-ednakvost/ Sat, 11 Jul 2026 12:01:49 +0000 https://soopstenie.mk/?p=49359 По повод 11 Јули – Меѓународниот ден на населението, ХЕРА потсетува дека демографските промени не смеат да се сведуваат само на чиста статистика за наталитетот и иселувањето. Зад бројките стојат реални луѓе и нивните животни избори. Демографската отпорност значи општество со достоинствени услови за живот, каде младите имаат економска сигурност и слобода да одлучуваат за […]

The post ДЕМОГРАФСКАТА ОТПОРНОСТ СЕ ГРАДИ СО КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ, РЕПРОДУКТИВНИ ПРАВА И РОДОВА ЕДНАКВОСТ appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
По повод 11 Јули – Меѓународниот ден на населението, ХЕРА потсетува дека демографските промени не смеат да се сведуваат само на чиста статистика за наталитетот и иселувањето. Зад бројките стојат реални луѓе и нивните животни избори.

Демографската отпорност значи општество со достоинствени услови за живот, каде младите имаат економска сигурност и слобода да одлучуваат за својата иднина и деца, неусловени од економската несигурност или емиграцијата. Огромен дел од отпорноста е и зачувувањето на сексуалното и репродуктивно здравје.

Во Северна Македонија јавните политики премногу често се насочуваат кон последиците, наместо кон причините и превенцијата. Инфертилитетот најчесто се третира дури откако луѓето ќе се соочат со тешкотии да имаат деца, иако фертилитетот е здравствен ресурс што треба да се заштитува во текот на целиот живот.

Токму затоа ХЕРА, во соработка со Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, иницираше подготовка на првиот Национален водич за зачувување на фертилитетот кај жените и мажите. конкретна поддршка за здравствените работници и граѓаните.

Со своите младински центри „Сакам да знам“, мобилната гинеколошка амбуланта, советувањето и тестирањето за ХИВ, едукацијата, теренската работа и застапувањето за сеопфатно сексуално образование, ХЕРА повеќе од две децении обезбедува за сеопфатно сексуално образование, ХЕРА повеќе од две децении обезбедува информации и услуги за сексуалното и репродуктивното здравје, особено за младите и за лицата од маргинализираните заедници.

ХЕРА нагласува дека демографските политики мора да се засноваат на човековите права и на еднакви можности за образование, работа, економска независност, учество во одлучувањето и живот без насилство и дискриминација.

Ги охрабруваме и поддржуваме надлежните институции заеднички да продолжиме да работиме на:

  • национална и долгорочна политика за заштита на сексуалното и репродуктивното здравје и фертилитетот;
  • достапни превентивни и гинеколошки услуги во сите региони;
  • современа контрацепција покриена од здравственото осигурување;
  • системско сеопфатно сексуално образование;
  • поддршка за младите при вработување, домување и основање семејство;
  • мерки за правична распределба на грижата и неплатената работа;
  • политики за родова еднаквост и ефикасна заштита од родово засновано насилство.

Иднината на населението се гради со доверба, солидарност, квалитетни јавни услуги и слобода на избор.

Да инвестираме во младите, во здравјето и во еднаквоста – затоа што демографски отпорно е она општество во кое луѓето имаат причина да останат, можност достоинствено да живеат и слобода сами да ја изберат својата иднина.

Извор на соопштението

The post ДЕМОГРАФСКАТА ОТПОРНОСТ СЕ ГРАДИ СО КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ, РЕПРОДУКТИВНИ ПРАВА И РОДОВА ЕДНАКВОСТ appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
ХЕРА: Европскиот пат значи демократија, човекови права и заштита од антидемократски влијанија https://soopstenie.mk/hera-evropskiot-pat-znachi-demokratija-chovekovi-prava-i-zashtita-od-antidemokratski-vlijanija/ Thu, 18 Jun 2026 10:39:11 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48902 ХЕРА го поздравува усвојувањето на Извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија како важна порака дека европската интеграција не е само технички процес, туку пред сè политичка и вредносна обврска кон демократијата, владеењето на правото, човековите права, слободните медиуми и активното учество на граѓаните. Извештајот јасно потсетува дека напредокот кон Европската Унија мора да почнува […]

The post ХЕРА: Европскиот пат значи демократија, човекови права и заштита од антидемократски влијанија appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
ХЕРА го поздравува усвојувањето на Извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија како важна порака дека европската интеграција не е само технички процес, туку пред сè политичка и вредносна обврска кон демократијата, владеењето на правото, човековите права, слободните медиуми и активното учество на граѓаните.

Извештајот јасно потсетува дека напредокот кон Европската Унија мора да почнува и да се мери преку кластерот „Фундаментални вредности“. За ХЕРА, тоа значи дека реформите не смеат да се сведат на формално усогласување на законите, туку мора да донесат реална заштита за луѓето, независни институции, отчетна власт и еднаков пристап до права и услуги за сите граѓани, особено за жените, младите, Ромите, ЛГБТИК+ луѓето, лицата со попреченост и сите маргинализирани заедници.

Посебно е важно што европските институции повторно ја нагласуваат улогата на граѓанското општество. Граѓанските организации не се декор во процесот на пристапување, туку неопходен коректив, извор на експертиза и директна врска со граѓаните. Затоа бараме Владата и Собранието да обезбедат суштинско, навремено и транспарентно вклучување на граѓанските организации во сите реформски процеси поврзани со ЕУ, вклучително и во реформската агенда, патоказите за владеење на правото и демократските институции, како и во подготовката и следењето на законите што ги засегаат човековите права.

Реактивирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество е позитивен чекор, но тој мора да стане функционален механизам за дијалог, а не формална структура без влијание. Истовремено, државата мора итно да обезбеди јасна, транспарентна и предвидлива рамка за јавно финансирање на граѓанските организации. Без независно и одржливо граѓанско општество, нема силна демократија.

ХЕРА изразува загриженост и за состојбата со медиумската слобода и безбедноста на новинарите. Независните медиуми, истражувачкото новинарство и проверката на факти се клучни за отпорноста на општеството, особено во време на дезинформации, политичка поларизација и надворешни влијанија. Потребно е целосно усогласување на медиумското законодавство со европските стандарди, транспарентност на медиумската сопственост, правична и недискриминаторска распределба на јавните средства и државното рекламирање, како и ефикасна заштита од закани, вознемирување, насилство и стратешки тужби против јавна критика.

Извештајот треба да се чита и како сериозно предупредување за странските влијанија, дезинформациите и хибридните закани. Северна Македонија нема да биде демократски отпорна доколку институциите не препознаат дека нападите врз родовата еднаквост, сексуалното и репродуктивното здравје и права, ЛГБТИК+ луѓето, граѓанското општество и независните медиуми често се дел од пошироки антидемократски стратегии. Овие процеси не се изолирани „културни дебати“, туку организирани обиди за намалување на довербата во демократијата, институциите и европската перспектива.

Во тој контекст, особено загрижува назадувањето во политиките за родова еднаквост. Отстранувањето или релативизирањето на содржините за родова еднаквост, сексуално и репродуктивно здравје и недискриминација од образовните и јавните политики директно ја ослабува заштитата на младите, жените и маргинализираните заедници. Промената на јазикот од „родова еднаквост“ кон потесни и помалку заштитни формулации не е безначајна терминолошка промена, туку политички сигнал што може да го поткопа постојниот систем за еднаквост и заштита од насилство.
ХЕРА потсетува дека европскиот пат на Северна Македонија мора да биде пат на проширување, а не стеснување на правата. Вистинскиот тест за реформите е дали тие ги штитат оние кои најчесто остануваат невидливи, дали обезбедуваат пристап до услуги, дали гарантираат заштита од дискриминација и насилство и дали создаваат институции кои работат во интерес на граѓаните, а не на партиски, економски или надворешни центри на влијание.
Затоа ХЕРА бара:
  • Владата и Собранието да го постават кластерот „Фундаментални вредности“ во центарот на сите реформски процеси;
  • граѓанските организации суштински да се вклучат во подготовката, спроведувањето и мониторингот на реформите поврзани со ЕУ;
  • да се обезбеди транспарентна и одржлива рамка за јавно финансирање на граѓанското општество;
  • да се зајакне заштитата на независните медиуми, истражувачките новинари и проверувачите на факти;
  • да се воспостави јасна институционална рамка за справување со странска манипулација со информации, дезинформации и хибридни закани;
  • да се запре назадувањето во политиките за родова еднаквост, недискриминација и сексуално и репродуктивно здравје и права;
  • Европската Унија и Делегацијата на ЕУ во земјата да продолжат со директна, видлива и принципиелна поддршка за граѓанското општество, независните медиуми и бранителите на човековите права

Северна Македонија не може да се движи кон Европската Унија со ослабени демократски институции, ограничен простор за граѓанско учество, притисок врз медиумите и релативизирање на човековите права. Европската интеграција мора да биде процес што ја зајакнува демократијата одвнатре — преку институции што служат на граѓаните, медиуми што можат слободно да прашуваат, граѓански организации што можат безбедно да работат и политики што ја штитат еднаквоста за сите.

ХЕРА останува посветена на европската иднина на земјата, но таа иднина мора да биде заснована на достоинство, еднаквост, слобода, солидарност и реална заштита на човековите права.

Извор на соопштението

The post ХЕРА: Европскиот пат значи демократија, човекови права и заштита од антидемократски влијанија appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
Годишно собрание на ХЕРА: отчетност, ново раководство и јасни приоритети за иднината https://soopstenie.mk/godishno-sobranie-na-hera-otchetnost-novo-rakovodstvo-i-jasni-prioriteti-za-idninata/ Sun, 14 Jun 2026 19:43:31 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48815 ХЕРА го одржа редовното Годишно собрание, на кое пред членството беа презентирани постигнувањата од 2025 година, беше усвоен Годишниот финансиски извештај и се дискутираше за идните приоритети и стратешки насоки на организацијата. Собранието беше можност за осврт на сработеното во изминатата година, но и за заедничко поставување на насоките за понатамошниот развој на ХЕРА. Преку […]

The post Годишно собрание на ХЕРА: отчетност, ново раководство и јасни приоритети за иднината appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
ХЕРА го одржа редовното Годишно собрание, на кое пред членството беа презентирани постигнувањата од 2025 година, беше усвоен Годишниот финансиски извештај и се дискутираше за идните приоритети и стратешки насоки на организацијата.

Собранието беше можност за осврт на сработеното во изминатата година, но и за заедничко поставување на насоките за понатамошниот развој на ХЕРА. Преку своите програми, услуги, едукација и застапување, организацијата и во 2025 година продолжи да работи на унапредување на здравствените, социјалните, демократските и човековите права, особено за заедниците и граѓаните кои се соочуваат со нееднаквости, исклучување и ограничен пристап до поддршка.

На Собранието беше презентиран Програмскиот годишен извештај за 2025 година, во кој беа истакнати клучните резултати, предизвици и научени лекции од работата на организацијата. Членството го разгледа и усвои и Годишниот финансиски извештај за 2025 година, со што беше потврдена заложбата на ХЕРА за транспарентно, одговорно и отчетно работење.

Во рамки на Собранието беа избрани нови членови на Собранието на ХЕРА, како и нов претседател и нов состав на Управниот одбор. Со ова, организацијата продолжува со обновена енергија, проширено членство и јасна посветеност кон својата мисија.

Посебна благодарност беше изразена до претседателката и членовите на Управниот одбор во заминување за нивната посветена работа, лидерство и придонес во развојот на организацијата во изминатиот мандат.

Им се заблагодаруваме на сите членови, партнери, поддржувачи и соработници за довербата и континуираната поддршка.

ХЕРА продолжува напред  со одговорност кон членството, доверба во заедниците и посветеност кон промени што оставаат трага.

Извор на соопштението

The post Годишно собрание на ХЕРА: отчетност, ново раководство и јасни приоритети за иднината appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
Возиме со срце – бидејќи СЕМЕЈСТВОТО е МОТОРОТ кој нѐ движи! https://soopstenie.mk/vozime-so-srce-bidejkji-semejstvoto-e-motorot-koj-ne-dvizhi/ Mon, 08 Jun 2026 09:52:56 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48684 На 15 мај, по повод Меѓународниот ден на семејството, скопските булевари пулсираа во ритамот на хуманоста и заедништвото. Заедно со нашите долгогодишни пријатели и поддржувачи од Мото клубот „Вепар“, организиравме едно поинакво, гласно и емотивно мото дефиле низ главниот град, испраќајќи моќна порака за важноста на семејството во развојот на секое дете. Гласен старт за […]

The post Возиме со срце – бидејќи СЕМЕЈСТВОТО е МОТОРОТ кој нѐ движи! appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
На 15 мај, по повод Меѓународниот ден на семејството, скопските булевари пулсираа во ритамот на хуманоста и заедништвото. Заедно со нашите долгогодишни пријатели и поддржувачи од Мото клубот „Вепар“, организиравме едно поинакво, гласно и емотивно мото дефиле низ главниот град, испраќајќи моќна порака за важноста на семејството во развојот на секое дете.

Гласен старт за една тивка и благородна цел

Дефилето започна со силен звук и многу позитивна енергија од Градскиот парк. Повеќе од 100 моторџии и поддржувачи направија кружна рута низ централното градско подрачје на Скопје, движејќи се по булеварите „Илинден“, „Св. Климент Охридски“ и „8 Септември“. На овој начин, бучавата на моторите стана симбол на поддршка за децата и младите без родителска грижа – повик кој не можеше да остане неслушнат.

Со ова дефиле оддржано на Ден на семејството, сите учесници заеднички ја потсетија јавноста дека семејството не е само место каде што растеме, туку чувство на сигурност, грижа и припадност.

Повеќе од симболичен гест – порака дека не се сами

За децата и младите кои растат без родителска грижа, поддршката од заедницата значи многу повеќе од обичен гест. Таа е жив доказ дека некој ги гледа, ги слуша и искрено верува во нивната иднина.

„Семејството е првата сигурност на едно дете. Кога таа сигурност недостасува, наша заедница одговорност е да создадеме средина во која децата и младите ќе почувствуваат дека припаѓаат, дека се важни и дека имаат поддршка да растат и да се развиваат. Во изминатите 25 години, СОС Детско село помогна да се променат 6090 животи на деца, млади и семејства кои добија нова шанса за посигурна иднина.“

Учеството на Мото клубот „Вепар“ уште еднаш покажа дека поддршката доаѓа во различни форми, но секогаш со истата цел – солидарност и заедништво.

„За нас ова дефиле не е само возење, туку начин да покажеме дека како заедница можеме да застанеме зад децата и младите на кои им е потребна поддршка. Секое дете заслужува да почувствува дека некој е тука за него“, порачаа нашите пријатели од Мото клуб „Вепар“.

 den na semejstvoto

den na semejstvoto

25 години посветеност и љубов

Ова прекрасно мото дефиле е само дел од низата активности со кои ја одбележуваме нашата јубилејна година – 25 години посветена работа и грижа за децата и младите без родителска грижа, како и за семејствата во социјален ризик.

Како СОС Детско село, продолжуваме будно да ја подигнуваме јавната свест и да градиме посигурен свет за најранливите, бидејќи цврсто веруваме дека:

„Ниту едно дете не треба да расте само“.

The post Возиме со срце – бидејќи СЕМЕЈСТВОТО е МОТОРОТ кој нѐ движи! appeared first on СОС Детско село.

Извор на соопштението

The post Возиме со срце – бидејќи СЕМЕЈСТВОТО е МОТОРОТ кој нѐ движи! appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“ испрати силна порака за младинско учество, доверба и иднина во Македонија https://soopstenie.mk/nacionalniot-mladinski-forum-tuka-sme-za-da-ostaneme-isprati-silna-poraka-za-mladinsko-uchestvo-doverba-i-idnina-vo-makedonija/ Sun, 24 May 2026 08:41:05 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48237 Над 200 млади ја поддржаа Декларацијата за инклузивно владеење и градење мир Над 200 млади од различни градови, заедници и организации минатата недела во Скопје усвоија Младинска декларација за инклузивно владеење и градење мир, испраќајќи јасна порака дека младите бараат реално учество во носењето одлуки, функционални институции и конкретни услови за достоинствен живот и иднина […]

The post Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“ испрати силна порака за младинско учество, доверба и иднина во Македонија appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
Над 200 млади ја поддржаа Декларацијата за инклузивно владеење и градење мир

Над 200 млади од различни градови, заедници и организации минатата недела во Скопје усвоија Младинска декларација за инклузивно владеење и градење мир, испраќајќи јасна порака дека младите бараат реално учество во носењето одлуки, функционални институции и конкретни услови за достоинствен живот и иднина во Северна Македонија.

Декларацијата беше усвоена на Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој се одржа во Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет во Скопје и обедини млади луѓе, институции, локални самоуправи, граѓански организации и меѓународни партнери. Документот претставува заеднички повик за посилна имплементација на Законот за младинско учество и младински политики, функционални локални младински совети, поголема институционална отчетност и вистинско вклучување на младите во креирањето политики и локалните приоритети.

Во декларацијата младите бараат мирот и социјалната кохезија да се третираат како секојдневна одговорност што се гради во училиштата, заедниците, младинските простори и локалните средини. Документот повикува и на создавање безбедни и достапни простори за младинско организирање, култура, креативност и слободно изразување, како и поголема поддршка за менталното здравје, медиумската писменост, претприемништвото и локалните можности за развој.

Особен акцент е ставен на потребата младите да бидат препознаени како рамноправни партнери во процесите на одлучување, а не само како формално консултирани чинители. Во декларацијата се бараат транспарентни институции, редовни младински консултации и механизми преку кои младинските препораки реално ќе влијаат врз политиките и буџетите.

Декларацијата беше потпишана од над 200 млади присутни на форумот и поддржана од локални и национални институции како заедничка заложба за поинклузивни и одговорни младински политики.

„Младите се движечка сила на секоја промена и затоа е важно да бидат информирани, едуцирани и активно вклучени во општествените процеси. Зелената зона покажа колку е потребна граѓанска едукација која им ја враќа моќта на младите да учествуваат и да бараат промени. Воедно, важно е да ја надминеме воздржаноста кај младите за јавно ангажирање и да ги охрабриме гласно да се борат за своите основни права – чист воздух, вода и здрава животна средина, изјави Анастасија Павловска, модераторка на зоната Green Voices Corner. „Кога младите го започнуваат денот исцрпени од доцнења, преполни автобуси и непредвидливи линии, тогаш зборуваме за системски проблем што директно влијае врз нивниот пристап до образование и можности. Ако образованието е право, тогаш патот до него не смее да биде секојдневна пречка.“ порача Лејла Бекири, модераторка во Culture and Identity Hub. Виктор Бучковски се надоврза дека „Безбедниот јавен превоз директно ја поддржува културата, бидејќи овозможува културните настани да не бидат концентрирани само во центарот на градот“. Од зоната Youth Power Lab, Борјан Ефтимов со заклучок: „Нашата генерација не смее да биде само сведок на состојбите, туку мора да биде дел од нивното менување. Останувањето има смисла само ако значи учество, одговорност и борба за подобро општество.“ Игор Антов, модератор во Future Makers Lab, изјави „Македонската претприемачка околина е динамична и полна со потенцијал, во земја која сè уште ги гради и развива своите економски можности. Верувам дека токму младите претприемачи и иновативните идеи се двигатели на тие промени и дека земјата е подготвена да создава производи и услуги што не само што ќе успеваат дома, туку ќе бидат конкурентни и на меѓународниот пазар.“ Ивана Јовановска заклучи дека „Прашањата за просторот од кој ја црпиме креативната сила, во кој создаваме и чувствуваме слобода и еднаквост е едни од најважните точки на кои мора интензивно и здружено да работиме.“

Форумот беше организиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, и со поддршка на RYCO – Регионалната канцеларија за младинска соработка.

Извор на соопштението

The post Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“ испрати силна порака за младинско учество, доверба и иднина во Македонија appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
ХЕРА го отвори вториот Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи, Кочани доби нов простор за поддршка, разговор и ментално здравје https://soopstenie.mk/hera-go-otvori-vtoriot-centar-za-poddrshka-i-sovetuvanje-na-momchinja-i-mazhi-kochani-dobi-nov-prostor-za-poddrshka-razgovor-i-mentalno-zdravje/ Fri, 22 May 2026 08:40:40 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48160 ХЕРА денеска во просториите на ЈЗУ Општа болница Кочани го отвори вториот MM Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи, простор посветен на поддршка, доверба и грижа за менталното здравје на момчињата и мажите како и другите засегнати во заедницата. По првиот ММ Центар што ХЕРА го отвори во Мај 2024 година до […]

The post ХЕРА го отвори вториот Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи, Кочани доби нов простор за поддршка, разговор и ментално здравје appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
ХЕРА денеска во просториите на ЈЗУ Општа болница Кочани го отвори вториот MM Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи, простор посветен на поддршка, доверба и грижа за менталното здравје на момчињата и мажите како и другите засегнати во заедницата.

По првиот ММ Центар што ХЕРА го отвори во Мај 2024 година до денеска дадени  над 950 сесии од психолози и психотерапевти на 135 момчиња и мажи. Новиот Центар во Кочани претставува продолжување на моделот кој веќе покажа дека ваквите услуги им се навистина потребни на мажите и момчињата. Во изминатите две години, многумина во Центарот во Скопје за првпат побараа помош, разговараа за своите емоции, стресот и животните предизвици и добија поддршка за подобрување на комуникацијата, односите со околината и семејството и секојдневниот живот.

Искуството на ХЕРА покажа дека кога мажите имаат безбеден простор каде можат без страв и осуда да зборуваат за своите проблеми, тоа позитивно влијае не само врз нивното ментално здравје, туку и врз семејствата и заедницата.

Новиот ММ Центар во Кочани е создаден со идеја да покаже дека никој не треба сам да се справува со стресот, притисокот, стравовите или тешките животни ситуации. Наместо молчење и затворање во себе, овој простор нуди разговор, разбирање и професионална поддршка истакна Елизабета Божиноска, Програмска директорка во ХЕРА.

Според податоците од HBSC студијата од 2022 година, индикаторите за ментално здравје кај момчињата покажуваат влошување со возраста. Раздразливоста, која се јавува повеќе од еднаш неделно, е присутна кај 13% од 11-годишните, 14% од 13-годишните и 19% од 15-годишните момчиња, што укажува на постепено зголемување во адолесценцијата. Речиси секое четврто момче на 15 години има проблеми со спиењето, а чувството на ниско расположение е пријавено кај 13% од 11-годишните, 14% од 13-годишните и 26% од 15-годишните момчиња, што покажува значително зголемување со возраста.

Во исто време, многу момчиња растат со пораки дека „машките не плачат“ и дека секогаш мора да бидат силни, што често ги оддалечува од барањето помош кога им е најпотребна.

Токму затоа, ММ Центарот во Кочани има цел да создаде безбедно место каде момчињата и мажите ќе можат да разговараат, да добијат поддршка и да научат како подобро да се справуваат со емоциите, конфликтите и секојдневниот притисок. На тој начин, поддршката за менталното здравје станува и важен дел од создавањето побезбедни семејства и заедници без насилство.

На отворањето присуствуваа претставници од институциите, локалната самоуправа, здравствениот сектор и партнерските организации, кои ја нагласија важноста од навремена поддршка, разговор и заедничка грижа за менталното здравје на младите и заедницата.

Аташето во Австриското Министерство за труд, социјални работи, здравство и заштита на потрошувачите, Харалд Бреза-Фугер, нагласи дека Директивата на ЕУ 2024/1385 за борба против насилството врз жените и семејното насилство поставува јасна насока што Северна Македонија треба да ја следи. Според него, нејзината важност е во тоа што не се ограничува само на казнување, туку опфаќа превенција, заштита на жртвите, пристап до правда, поддршка и координација меѓу институциите. Тој посочи дека, во рамките на австрискиот Закон за заштита од насилство, полицијата има обврска да ги информира регионалните центри за заштита од насилство при издавање забрани за приближување и контакт. Минатата година, полицијата издала околу 14.600 налози за заштита, а овие информации биле доставени до регионалните центри за заштита од насилство. Бреза-Фугер нагласи дека, и покрај воспоставените механизми, во Австрија сѐ уште има премногу фемициди, што покажува дека системот е далеку од совршен. Тој изрази надеж дека пилотирањето на советувалиштето за мажи во Кочани ќе придонесе кон намалување на родово базираното и семејното насилство. На крај, Бреза-Фугер им се заблагодари на вклучените невладини организации од Австрија и Северна Македонија за нивниот голем ангажман и им посака многу успех во понатамошната имплементација на проектот.

„Соработката со ХЕРА започна пред една година и со особено задоволство продолжува преку потпишувањето на меморандумот за соработка и отворањето на Центарот за поддршка и советување на момчиња и мажи во Кочани. Во изминатиот период, нашите вработени добија значајна обука и континуирана поддршка заедно со тимот на ХЕРА, што придонесе за зајакнување на капацитетите за работа во областа на менталното здравје и психосоцијалната поддршка. Веруваме дека овој Центар ќе биде важен и безбеден простор каде граѓаните ќе можат навремено да добијат стручна помош, поддршка и разбирање“, истакна д-р Дарко Иванов, началник на невропсихијатриско одделение при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кочани

Координаторот на Центарот за мажи и момчиња во Скопје, Виктор Бучковски, истакна дека Кочани не смее да се заборави. Болката и траумата на преживеаните, на родителите, на пријателите и на сите погодени не смеат да останат само една точка во времето. Денешното отворање на центарот е мал гест на поддршка кон Кочанчани и кон луѓето од овој регион на кои им е потребна психолошка поддршка и советување. Нашата мисија е да бидеме присутни таму каде што е најпотребно, да слушаме, да помогнеме и да продолжиме да зборуваме за оваа тема секогаш кога заборавот ќе се обиде да ја преземе.

Со отворањето на овој Центар, Кочани добива нов простор на доверба, поддршка и солидарност – место кое испраќа силна порака дека грижата за менталното здравје е важна за сите и дека барањето помош е чин на сила, а не на слабост.

Во рамки на понатамошното ширење на оваа иницијатива, ХЕРА до крајот на годината планира отворање на нов Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи и во Шуто Оризари, со цел услугите да станат подостапни и за поголем број на граѓани. Истовремено, преку соработката со партнерите од Албанија, моделот ќе започне да се развива и таму, како дел од поширок регионален пристап за поддршка на менталното здравје и превенција на насилството.

Отворањето на Центарот е дел од регионалниот проект „Трансформирање на родовите норми: Спречување на родово базирано насилство преку ангажман на младите во Албанија и Северна Македонија“, финансиски поддржан од Австриското сојузно министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите.

Извор на соопштението

The post ХЕРА го отвори вториот Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи, Кочани доби нов простор за поддршка, разговор и ментално здравје appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето https://soopstenie.mk/nacionalen-mladinski-forum-tuka-sme-za-da-ostaneme-vreme-e-mladite-da-dobijat-realna-mokj-vo-odluchuvanjeto/ Thu, 21 May 2026 12:18:14 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48124 Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници на институциите, меѓународните организации, локалната самоуправа, академската заедница и граѓанскиот сектор. Форумот беше посветен на пет теми кои младите ги препознаваат како клучни за нивниот живот, развој и одлуката дали […]

The post Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници на институциите, меѓународните организации, локалната самоуправа, академската заедница и граѓанскиот сектор.

Форумот беше посветен на пет теми кои младите ги препознаваат како клучни за нивниот живот, развој и одлуката дали својата иднина ја гледаат во земјата: младинско учество и локално одлучување, култура и меѓукултурен дијалог, вработување и претприемништво, животна средина и одржливост, и творечко изразување.

Настанот се одржа во период кога официјалните податоци покажуваат сериозен застој во спроведувањето на обврските кон младите. Според Мониторинг-извештајот за имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики за 2025 година, објавен од Националниот младински совет на Македонија, локални младински совети постојат во само 24 општини, односно во 30% од вкупниот број општини, додека само 11 општини го одвоиле законски предвидениот минимум од 0,1% од буџетот за млади во 2025 година.

Дополнително, иако Законот за младинско учество и младински политики, донесен во 2020 година, предвидува формирање на Национално собрание на млади и Национално советодавно тело за младински политики, овие механизми сè уште не се воспоставени. Од вкупно 205 активности планирани со Акцискиот план за Националната стратегија за млади 2023–2025, само 23% се целосно реализирани, 30% се делумно реализирани, а за 26% нема достапни информации за статусот на реализација.

Овие податоци потврдуваат дека младинските политики не смеат да останат само на хартија. Потребни се функционални механизми, реални буџети, отчетни институции и директно вклучување на младите во одлуките што го обликуваат нивниот живот.

На форумот, претставниците на младинските организации, институциите, локалната самоуправа и академската заедница испратија заедничка порака: младите мора да бидат препознаени како активни носители на промени, а не само како тема во политики и извештаи.

„Младите во Северна Македонија предолго се сведени на статистика во извештаи, наместо на партнери во носењето одлуки. Форумот ‘Тука сме за да останеме!’ е обид тој однос конечно да се промени – создаваме простор каде младите директно ќе зборуваат за тоа што им недостасува, што ги оттурнува и што би ги задржало тука. Не ни требаат уште декларативни пораки за младите, туку институции што ќе имаат храброст навистина да ги слушнат и да споделат моќ со нив. Покажуваме дека јавните простори можеме да ги наполниме со млади луѓе и да им дадеме доверба дека одговорно ќе носат одлуки и ќе водат напред“, изјави Драгана Каровска Чемерска, раководителка на младинската програма во ХЕРА.

Албина Сефадини од НМСМ потенцираше дека наодите од овогодишниот мониторинг-извештај укажуваат на опаѓачки тренд во имплементацијата на законот, односно на намалување на бројот на младински механизми, политики и сервиси за млади.  „Потребна е многу поголема институционална посветеност и вистинска приоритизација на младите“, истакна Сефадини.

Од страна на институциите беше нагласено дека младите не треба да се гледаат како проблем, туку како дел од решението.

„Наместо да ги гледаме младите како проблем, треба да ги гледаме како решение. Мојата задача е да создадам услови во кои тие ќе сакаат и ќе можат да останат во сопствената земја,“ изјави Фатмир Сабриу, државен секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, порача дека младите се и сегашноста, не само иднината на државата. „Младите не се само нашата иднина, туку и нашата сегашност. Тие секојдневно покажуваат талент, посветеност и потенцијал на меѓународно ниво, а наша обврска како институции е да создадеме реални можности за нивниот развој, учество и претставување овде, во сопствената држава. Во Гостивар остануваме посветени на оваа цел преку локални младински политики, младински центри и директна поддршка за младите. Верувам дека само преку вистинска соработка помеѓу институциите, организациите и младите можеме да изградиме одржливи и ефикасни младински политики“ изјави Лимани.

Борис Шамбевски, советник во Град Скопје, нагласи дека локалните самоуправи имаат важна улога во отворањето простор за младинско учество. „Поттикнувањето на младите луѓе да се вклучат во креирањето на градските политики и да ги споделуваат своите идеи за насоката во која треба да се развива еден град е од исклучителна важност за секоја локална самоуправа“ изјави Шамбевски.

Форумот покажа дека младите имаат јасни ставови, конкретни потреби и силна волја да учествуваат во градењето на општеството. Но, нивното учество мора да биде поддржано со функционални институционални механизми, локални младински совети, младински центри, реални буџети и политики што се креираат заедно со младите, а не само во нивно име.

Пораката од форумот беше јасна: младите се тука, имаат што да кажат и бараат систем што ќе им даде причина да останат.

Форумот го организираше ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Природно математичкиот факултет при УКИМ и со поддршка на RYCO – Регионалната канцеларија за младинска соработка преку германската развојна соработка, во рамки на проектот Youth Connect: Building Inclusive Participation Through Local Partnerships.

Извор на соопштението

The post Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
Повеќе разбирање и поддршка за жените: здравствените работници се обучуваат за перименопауза https://soopstenie.mk/povekje-razbiranje-i-poddrshka-za-zhenite-zdravstvenite-rabotnici-se-obuchuvaat-za-perimenopauza/ Wed, 20 May 2026 19:04:27 +0000 https://soopstenie.mk/?p=47949 Перименопаузата е природен дел од животот на секоја жена, но често доаѓа со многу прашања, несигурности и промени кои не секогаш се препознаени или разбрани. Токму затоа започна серија обуки за здравствени работници, со цел да се унапреди пристапот и грижата за жените во овој важен период. Обуките се реализираат врз основа на Водичот за […]

The post Повеќе разбирање и поддршка за жените: здравствените работници се обучуваат за перименопауза appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
Перименопаузата е природен дел од животот на секоја жена, но често доаѓа со многу прашања, несигурности и промени кои не секогаш се препознаени или разбрани. Токму затоа започна серија обуки за здравствени работници, со цел да се унапреди пристапот и грижата за жените во овој важен период.

Обуките се реализираат врз основа на Водичот за перименопауза, развиен преку соработка помеѓу ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и МАГО – Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари.

Фокусот е ставен на матичните лекари и гинеколозите оние на кои жените најчесто први им се обраќаат. Целта е тие навремено да ги препознаат симптомите, да ја разберат состојбата и да понудат соодветна поддршка.

Во рамки на првата серија обуки, веќе се обучени повеќе од 40 здравствени работници – значаен чекор кон тоа повеќе жени да добијат разбирање и квалитетна грижа таму каде што најмногу им е потребна.

Перименопаузата може да трае и до 10 години. За многу жени, овој период носи промени – од топли бранови и нарушен сон, до анксиозност и промени во расположението. Според Светска здравствена организација, повеќе од 70% од жените искусуваат вакви симптоми. И покрај тоа, за оваа тема сè уште ретко се зборува доволно јавно и отворено.

Во време кога дезинформациите за женското здравје се лесно достапни, особено на интернет, потребата од точни, проверени и разбирливи информации е поголема од кога било.

Во нашата земја сè уште недостигаат систематски податоци за перименопаузата, што ја прави оваа иницијатива уште поважна. Водичот е создаден од тим експерти од различни области, гинекологија, ендокринологија, психијатрија и примарна здравствена заштита  за да понуди практични и применливи решенија.

Целта е едноставна, но значајна: жените да не се чувствуваат сами во овој период, туку разбрани, поддржани и информирани.

Перименопаузата не е болест – таа е дел од животот. Но, секоја жена заслужува да помине низ овој период со достоинство, грижа и поддршка.

Затоа што зад секој симптом стои жена која треба да биде слушната. Обуките се реализираа во рамки на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата „Цивика Мобилитас“.

*Мислењата кои се изразени во ова соопштение не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат. 

Контакт за медиуми:

МАГО – Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари

mkd.mago@gmail.com

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

hera@hera.org.mk

Извор на соопштението

The post Повеќе разбирање и поддршка за жените: здравствените работници се обучуваат за перименопауза appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>