Пред бројната детска публика во просториите на ООУ „Јан Амос Коменски, Студиото за деца и млади Broadway JR, Здружение Крео – Аксис Скопје, на бравурозен начин ја одигра култната бајка за ,,Убавицата и Ѕверот”. Основците од „Коменски“ имаа можност да се запознаат со оваа безвремена волшебна приказна, која во вид на мјузикл ги истакна раскошните детски костими и прекрасниот сценски настап.
Оваа детска претстава е финансиски поддржана од Општина Карпош, во рамки на Програмата за еднократна парична помош за проекти од културата, како дел од Одделението за образование при Секторот за дејности од јавен интерес.
Мјузиклот кој е сплет на повеќе уметнички експресии, претставува ретка пригода да се види и да се почуствува енергијата и харизмата која децата ја вложија во овој уметнички настап. Општина Карпош ги поддржува ваквите настани, со цел да побуди интерес за театарската култура кај помладата популација, воедно нудејќи им можност на децата да ја почувствуваат и магијата на мјузиклот.
