Општина Карпош ги започна градежните активности за подготовка за асфалтирање на три новопроектирани улици во населбата Бардовци. Станува збор за изградба на улици со вкупна должина од 663 метри, на подрачје кое не е инфраструктурно уредено. Поточно, ќе се асфалтираат улиците 5, 6 и 7 кои се наоѓаат во непосредна близина на станбениот комплекс „Бахаш“, а вредноста на овој зафат изнесува 28.462.921 денари со вклучен ДДВ. Општина Карпош ги доби овие средства од Владата на РСМ, откако претходно учествуваше со сопствен проект на нивниот јавен повик.
Изведувач на работите е фирмата „Филип Инженеринг ДООЕЛ“, а со обезбедување на потребната инфраструктура ќе се овозможи ширење на општината надвор од урбаниот дел на Карпош.
Со изведба на овие коловозни траси во М.З Бардовци, се овозможува тамошните жители да се поврзат со останатиот развиен дел од населбата, асфалтно поврзувајќи се со останатите улици, со основното училиште и детската градинка, како и со останатите институции во оваа заедница и градот Скопје.
