ДЕТСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ПО 17-ТИ ПАТ

117
ДЕТСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ПО 17-ТИ ПАТ

Денеска, во дворот на црквата Св. ,,Пантелејмон”, Горно Нерези, во организација на Детскиот ликовен центар, а со поддршка од Општина Карпош, се одржа 17-тата  детска ликовна колонија. Во рамки на оваа културна манифестација, учествуваа ученици од десетте основни училишта на територија на Општина Карпош, како и ученици од збратимената општина, Нови Београд (Србија), и деца од  тамошниот детски културен центар.

Нивните творби беа инспирирани од мотиви на повеќе слободни теми од секојдневието, а помош и поддршка добиваа од своите ментори, наставниците по ликовно образование. Младите талентирани ученици ги пренесоа своите уметнички импресии на тврда подлога, користејќи ја техниката со темперни и акрилни бои.

На оваа традиционална манифестација присуствуваа претставници од одделение за образование и наука, како и раководителката Емилија Арсовска. Веќе утре, 17-тото издание на детската ликовна колонија ќе заврши со доделување на дипломите за учество на секој ученик, во дворот на библиотеката ,,Другарче”.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСЕЛЕКТОРОТ НА ЖЕНСКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА КРИСТИЈАН ГРЧЕВСКИ ГО ОБЈАВУВА ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА РАКОМЕТАРКИ ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ КВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАРИ – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеОваа сабота Младински Културни Клубови во парк Шопен во Кисела Вода