СЕЛЕКТОРОТ НА ЖЕНСКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА КРИСТИЈАН ГРЧЕВСКИ ГО ОБЈАВУВА ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА РАКОМЕТАРКИ ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ КВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАРИ – Ракометна Федерација на Македонија

130

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објавува поширокиот список на ракометарки за претстојните квалификациски натпревари за пласман на WOMEN’S EHF EURO 2024.

СПИСОК НА РАКОМЕТАРКИ

WOMEN’S EHF EURO 2024 ќе се оддржи во три држави и тоа: Австрија , Унгарија и Швајцарија во период од 28.11 – 15.12.2024 година.

Женската сениорска репрезентација на Македонија во квалификаиите е дел од групата 5 заедно со репрезентациите на Шпанија, Азербејџан и Литванија.

На претстојната ЕХФ недела (09.10 – 15.10.2023) нашата женска сениорска селекција ќе оддигра два квалификациски натпревари против Азербејџан и Литванија.

Сениорките првиот натпревар во квалификациите го играат на домашен терен против Азербејџан на 11.10, а потоа следи натпревар на гостински терен против репрезентацијата на Литванија на 15.10.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОсмани потврди она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го тврди, дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања
Следно соопштениеДЕТСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ПО 17-ТИ ПАТ