Нема да кажам нешто ново дека на Македонија и на ВМРО ДПМНЕ силата е во единството. Но во овие моменти чувствувам обврска уште еднаш да го апострофирам зборот единство, кој доминирал во моите многубројни средби и контакти со членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ насекаде низ татковината. На земјата и партијата им е потребен секој квалитетен и чесен човек кој сака да помогне во нејзината обнова. Во насока на јакнење на капацитетот на партијата да се справува со идните предизвици, ВМРО ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицковски ја имаат мојата лична подршка.
https://www.facebook.com/DimitrievEmil/posts/pfbid025EBUHCFFQahhTebKrJt1Ez4kDDcYcsKggXMtCZPMsPKwKysGa25Y3z1Jz5mP1bthl
