И оваа година булингот во училиштата може да се пријави телефонски

127
И оваа година булингот во училиштата може да се пријави телефонски

И оваа учебна година, Општина Кисела Вода нуди системско решение за справување со булингот. Тргнувајќи од таму дека насилството во основните училишта е сè поприсутно, повторно во функција е телефонскиот број 078/358 – 639, каде жртвите на меѓуврсничко насилство може бесплатно да добијат поддршка од тим од психолози од невладиниот сектор, кои потоа, во координација со општинските служби ќе делуваат директно во училиштето за спречување на насилната појава.

 

Оваа мерка, која лани беше промовирана за прв пат од Општина Кисела Вода, има за цел да им понуди помош на жртвите од врсничко насилство или на нивните блиски. Истото се спроведува заедно со Младински центар “Крик” чиј претседател, Мила Ангелевска Кардафова, е еден од психолозите кои овозможува бесплатна помош и поддршка. На овој начин ќе може да се надмине стравот и срамот за проблемот да се пријави, како и да се изнајде начин тој што побезболно да се реши.

Додај коментар



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКостовски: Благодарност до советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје, одвоени се средства за реализација на фекална канализација во Бел камен и Кучевичка бара
Следно соопштениеДимитриев: На земјата и партијата и е потребен квалитетен човек кој ќе помогне во нејзина обнова, мојата поддршка за Христијан Мицкоски