ДПМНЕ свесно го минира Изборниот законик за Левица да биде дискриминирана и замолчена

25
ДПМНЕ свесно го минира Изборниот законик за Левица да биде дискриминирана и замолчена

Предлог-изборниот законик што ДПМНЕ се обидува да го протурка претставува опасен обид за ограничување на демократскиот простор и зачувување на изборното статус-кво кое со години им одговара на големите партии.

Една од скандалозните новини е и членот 76-ѓ, со кој се предвидуваат глоби до 8.000 евра за содржини објавени на социјалните мрежи за време на изборната кампања, којшто впрочем и воопшто не беше дискутиран во Работната група. Со широкопоставени формулации се отвора можност политичките ставови, критиките и јавните објави да бидат предмет на казнување, што претставува директен удар врз слободата на политичко изразување и воведување цензура преку парични санкции.

Истовремено, ДПМНЕ се обидува перфидно да ја претстави темата за електронското гласање на дијаспората како своја црвена линија, иако вистинската цел е Изборниот законик намерно да се доведе до ниво на неприфатливост, за на крај да остане непроменет токму моделот кој ја дискриминира Левица. Јавно глумат подготвеност за измени и делумно фер правила, а суштински предлагаат услови за кои однапред знаат дека немаат консензус, со што свесно го минираат процесот.

Зад таа игра стои јасна политичка намера за Левица да остане без рамноправен пристап до финансиски средства за изборна кампања, без фер распределба на средствата за платено политичко рекламирање и цензурирана. ДПМНЕ не сака вистинска реформа на Изборниот законик, туку старите правила да останат, затоа што токму тие правила им овозможуваат на големите партии да го делат политичкиот простор, а Левица да биде системски ограничена, финансиски дискриминирана и политички замолчена.

Наместо да ги исправи забелешките и да обезбеди еднакви услови за сите политички субјекти, ДПМНЕ избира да ја зачува состојбата од која профитираат само големите партии и нивните привезоци.

The post ДПМНЕ свесно го минира Изборниот законик за Левица да биде дискриминирана и замолчена first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
Следно соопштениеНОВА КОМПОСТАРА ВО ГРАДИНКАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“