НОВА КОМПОСТАРА ВО ГРАДИНКАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

23
НОВА КОМПОСТАРА ВО ГРАДИНКАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведен од страна на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), Еко Логик и Флоразон, денеска беше дониран компостер во ЈУОДГ “Орце Николов“.

На настанот присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој ја поздрави реализацијата на оваа иницијатива, истакнувајќи дека создавањето одговорни навики кај најмладите се од исклучително значење за иднината на локалната заедница. При посетата, градоначалникот ја искористи можноста да ги посети дечињата во градинката, да поразговара со нив и да им посака  безгрижно детство исполено со нови знаења и убави искуства.

Донираниот компостер од типот K390-AL-KO ќе овозможи органскиот отпад што секојдневно се создава во градинката да биде соодветно селектиран и компостиран. Во процесот активно ќе бидат вклучени и децата кои преку практични активности ќе имаат можност да научат како органскиот отпад може да се претвори во природно ѓубриво – компост, кое понатаму ќе се користи за одржување на зелените површини во дворот на градинката.

Целта на овој проект е да ги научиме децата уште од најмала возраст на навики и практични знаења кои се во насока на поголема свест за  паметно селектирање, одложување и искористување на отпадот, како и поголема грижа за животната средина и нашето опкружување.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДПМНЕ свесно го минира Изборниот законик за Левица да биде дискриминирана и замолчена
Следно соопштениеПОБЕДА ЗА МАШКАТА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КОНТРОЛНИОТ НАТПРЕВАР ПРОТИ ГРЦИЈА!