ЕУ потврди – пуштањето на законите за Бехтел и Енка со европско знаменце е злоупотреба

92
ЕУ потврди – пуштањето на законите за Бехтел и Енка со европско знаменце е злоупотреба

Делегацијата на Европската Унија во Македонија денес потврди дека анти-работничката и криминална власт на ДУИ и СДС, наспроти нејзините лажни заложби за европски вредности, е и АНТИ-ЕВРОПСКА!

По најавата на шверцерско носење на законите во корист на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, со кој се суспендираат македонските закони и се воведува 60-часа работна недела, преку европско знаме без собраниска расправа, делагацијата на ЕУ изрази загриженост дека власта во овој случај повторно го злоупотребува европското знаменце, со цел заобиколување на јавни консултации и демократските законодавни процедури.

Со ова, Европската Унија го потврдува ставот на Левица дека употребата на европското знаменце на законите за коридорите 8 и 10-д не е во согласност со стандардите на Унијата и би претставувало кривично дело.

Левица веќе има поднесено кривични пријави за службеници кои имаат претходно овозможено злоупотреба на европското знаменце и јавно изјавува дека по падот на овој анти-европски режим, ќе има кривичен прогон и за службениците кои и во овој случај ќе ги прекршат македонските закони и европските стандарди!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

05.05.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКАРПОШАНИ ПОРАЗЕНИ НА КОШАРКАРСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО КИСЕЛА ВОДА
Следно соопштениеМицкоски: Јазикот е татковина, која сме ја наследиле, која мора да ја чуваме грижливо и да ја предадеме како светост на идните генерации Македонци