Failed Feminism, збирка раскази

31
Failed Feminism, збирка раскази

Failed Feminism е збирка која преку документарно-наративен пристап ги преиспитува
границите, противречностите и неисполнетите ветувања на феминизмот низ
историјата. Публикацијата ги спојува историјата, критичката анализа и литературата за
да раскаже приказни за жени кои биле пионерки, икони или носителки на промени, но
чии индивидуални успеси не довеле до вистинска, структурна еднаквост.
Збирката опфаќа приказни од различни историски периоди и географски контексти, од
Балканот и Европа, до САД и Африка. Преку животите на Веселинка Малинска, Драга
Љочиќ, Калирои Парен, Мусине Кокалари, Олимп де Гуж, Елена Чаушеску, Бети
Фридан, Марлен Дитрих, Кати Анкер Мелер и Регина Бишингти, публикацијата го
поставува прашањето: што значи феминистички успех ако системот остане
непроменет?
Наместо славење на „првите жени“, Failed Feminism критички анализира како
феминизмот често успевал за поединки, но не и за мнозинството жени, особено оние од
работничка класа, рурални средини, етнички малцинства или невидлив труд. Оваа
збирка не негира достигнувања, туку ја нагласува разликата помеѓу симболична
видливост и реална општествена трансформација.
Публикацијата е создадена со користење на релевантни и проверени историски извори
и има за цел да поттикне критичко размислување, академска дискусија и пошироко
преиспитување на начинот на кој зборуваме за женската еманципација.
Оваа публикација е развиена како дел од проект финансиран преку YSAFE Small
Project Grants, кои поддржуваат младински иницијативи реализирани од членки на
YSAFE и партнерски организации. Содржината ги одразува ставовите, искуствата и
перспективите на младите вклучени во проектот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПредлог законот на СДС за 600 евра минимална плата е доказ дека ако не ја крадеа државата додека беа на власт, работниците денес ќе имаа и повисока минимална плата
Следно соопштениеДали е ова повикот на Муцунски и Стоилковиќ Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ?