Предлог законот на СДС за 600 евра минимална плата е доказ дека ако не ја крадеа државата додека беа на власт, работниците денес ќе имаа и повисока минимална плата

32
Предлог законот на СДС за 600 евра минимална плата е доказ дека ако не ја крадеа државата додека беа на власт, работниците денес ќе имаа и повисока минимална плата

СДС денес се одважи и напиша на хартија Предлог закон за минимална плата од 600 евра, за волја на вистината напишале и колку пари им се потребни (околу 7,5 милијарди денари или околу 110 милиони евра), но од каде ќе ги најдат заборавиле да напишат.

Доброто во Предлог законот на СДС е тоа што покажуваат дека тие можеле да ја зголемат минималната плата во нивно време и до 600 евра, но арамилукот им бил помил.

Да не дозволеа злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари, за набавка на канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот и штетел на граѓаните, денес работниците ќе имале и повисоки минимални плата можеби од 700 евра.

Но за жал, СДС и ДУИ, гледаа како можат што повеќе да ја украдат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈавен повик за пријавување штети од поплавите во Општина Струмица
Следно соопштениеFailed Feminism, збирка раскази