Јавен повик за пријавување штети од поплавите во Општина Струмица

90
Јавен повик за пријавување штети од поплавите во Општина Струмица

Во врска со природната непогода – поплава од пороен дожд предизвикана поради излевање на реки од нивните речни корита на 26.01.2026 година и 27.01.2027 година во населените места во Општина Струмица, Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети, да поднесат Барање, до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица во период од 02.02.2026 година до 10.02.2026 година. Барањето може да се подигне од соба 7 од просториите на Општина Струмица, а истото ќе може и да се симне преку линк објавен на општинската веб страна. Секое Барање, потребно е да биде поднесено со комплетна документација и тоа:

– Имотен лист на име на Барателот (не постар од 6 месеци), Договор за закуп (доколку постои право на закуп) или Решение за  оставинска постапка.

– Изјава заверена на Нотар дека објектот, имотот, односно оштетеното не се осигурани во осигурителна компанија.

– Копија од лична карта и трансакциска сметка од Барателот.

– Оштетено/уништеното – ако е објект мора да го има  запишано во Имотен лист, ако е земјоделско земјиште во Имотен лист мора да е запишано како нива, ако станува збор за овоштарник во Имотен лист треба да е запишано како овоштарник. Во спротивно барањето нема да се разгледува, односно нема да се изврши проценка на штета.

Комисијата ќе постапи по поднесените Барања согласно законските прописи.

Лица за контакт:

Игор Милев – 076-483-443

Емилија Пандева – 078-322-954

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците
Следно соопштениеПредлог законот на СДС за 600 евра минимална плата е доказ дека ако не ја крадеа државата додека беа на власт, работниците денес ќе имаа и повисока минимална плата