Филипче, симболот на моралната катастрофа на СДС, последен има право да зборува за визија

58
Филипче, симболот на моралната катастрофа на СДС, последен има право да зборува за визија

Кога Венко Филипче, човекот што стана синоним за молк во време на трагедии и скандали, се обидува да зборува за „вистинскиот пат“, граѓаните со право прашуваат, дали овој човек всушност мисли на патот кон бегство од одговорност?

Ова е истиот Филипче кој за време на својот мандат дозволи луѓе да изгорат живи во модуларната болница во Тетово, без да поднесе оставка, без да даде одговор и без срам. Истиот Филипче под чија капа исчезнаа милиони евра преку набавки на респиратори, монтажни болници и маски по сомнителни цени. Истиот што молчеше кога Македонија бележеше црни рекорди во ковид-смртност, а граѓаните сами се снаоѓаа за лекови и боци со кислород.

Сега, истиот тој ни зборува за „изолација“ и „визијата на СДС“? Македонија беше изолирана токму поради вашите неспособни, корумпирани и антинационални политики, од понижувањата во преговорите со Бугарија, до запирањето на европската интеграција, разорената економија и масовното иселување.

Граѓаните веќе решија: Ја вратија државата назад од вас и ја ставија на патот на обновата и достоинството. Доволно ви беше. СДС загуби со 200.000 разлика, а Венко Филипче сега зборува за доверба?!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер преку Охрид до ново финале на Купот на Македонија
Следно соопштениеОсвен тоа што покажаа дека Данела Арсовска работи за СДС и ДУИ, покажаа и колку се правно неписмени во обидот да направат политика и да ја оправдаат елементарната непогода, Данела Арсовска