РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер преку Охрид до ново финале на Купот на Македонија

56
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер преку Охрид до ново финале на Купот на Македонија

Во вториот полуфинален натпревар од Купот на Македонија, игран во салата „Билјанини извори“ во Охрид, ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа ГРК Охрид со 27-23.

Митревски пак врза неколку одбрани од кои еден пенал, ама пелистерци грешеа во напад и сè уште бркаа минимална негатива. Чаневски одговори со два одбранети зицери, но во два наврати „гладијаторите“ не користеа напади за два разлика. Казната стигна со голот на Кузмановски за 14-14, а потоа пелистерци не искористија напад за водство бидејќи Пешевски погоди статива. Конечно „проигра“ капитенот на битолчани и врза два погодоци за прво водство дури од стартот на натпреварот (16-15).

Сепак, во вториот дел работите се променија. Шампионот фати ривал и првпат осетно поведе. Битолскиот тим кој врза два гола од крило преку Манасков и Радивојевиќ за 22-20, а на тоа се надоврза и Митревски со две интервенции. Се одллепи Пелистер на три разлика, но потоа не искористи напад за да „плус четири“ и веројатно затворање на мечот. Алушовски пак повика тајм-аут на шест минути до крајот. Одново Охрид не реализира, па во контра Борзаш погоди за 24-20 во празна мрежа, за крај на надежите на домаќинот за изненадување. До крајот на средбата пелистерци чекореа сигурно и стигнаа до посакуваната цел со победа од 27-23.

Во победничките редови најефикасен беше Кузмановски со седум голови, додека истиот учинок го имаше и Ојлески во поразената екипа. Битолската екипа в недела од 17:30 часот во финалето за куп пехарот ќе игра против РК Вардар 1961 кој претходно беше подобар од РК Алкалоид.

Ракомет
Куп на Македонија 2024/25
Полуфинале:

Еурофарм Пелистер – Охрид 27-23 (11-12)

Спортска сала „Билјанини извори“ – Охрид
Гледачи: 2.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Скопје)

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Брестовац, Манасков 4, Цехте 2, Тајник 3, Борзаш 1, Радивојевиќ 1, Кузмановски 7, Костески 2, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ, Пешевски 2, Хосни 1, Хаџиќ, Пав. Атанасијевиќ 3, Мамдух 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10 минути

Охрид:
Чаневски, Ѓорѓески, Ојлески 7, Андоноски, Матцуока 2, Јукиќ 4, Костов, Тасевски, Јотиќ, Кукоски, Крстевски, Јотиќ, Пешиќ 3, Кукуловски 4, Бојаниќ, Винициус, Цирар 3
Седмерци: 6/3
Исклучувања: 8 минути

Во ова натпреварување најмногу трофеи има Вардар, вкупно шеснаесет, додека Еурофарм Пелистер има пет, а со евентуална нова титула ќе се израмни со Металург на второто место на вечната листа по освоени Куп-пехари.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС и Филипче ја уништија надежта на младите, немаат кредибилитет да зборуваат за младите
Следно соопштениеФилипче, симболот на моралната катастрофа на СДС, последен има право да зборува за визија