Даниел Димевски одржа предавање во Битола на тема „Финансиски менаџмент во спортската администрација – буџетирање, стратешки планови, спонзорства и партнерства
Во рамки на програмата за развој на спортската администрација, Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, одржа предавање во Битола посветено на современите практики на финансиски менаџмент во олимписките и спортските организации
Во своето излагање, Димевски се осврна на планирањето и оптимизацијата на буџетите, подготовката на стратешки и оперативни финансиски планови, како и на принципите на транспарентно и одржливо управување со јавни и приватни средства.
