Интервју на Генералниот секретар на МОК, Ѓорги Тасев, дадено за Спортско радио 90,3

47
Интервју на Генералниот секретар на МОК, Ѓорги Тасев, дадено за Спортско радио 90,3

Генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Ѓорѓи Тасев, денеска гостуваше во емисија на Спортското радио 90,3 каде зборуваше за новата визија и идните чекори на највисокото спортско тело во државата.

Во интервјуто, Тасев истакна дека неговата главна мотивација е да се внесат „нови моменти“ во функционирањето на Комитетот, со цел унапредување на македонскиот олимпизам и олимпиското движење.

Тој ги претстави клучните точки од својата програма, нагласувајќи дека фокусот во наредниот период ќе биде ставен на:

– Имплементација на нови планови и програми за развој на спортот.
– ⁠Модернизација и дигитализација на работата и зголемување на ефикасноста и ефективноста на стручната служба на МОК.
– ⁠Зајакнување на поддршката за македонските спортисти и промовирање на олимписките вредности.

Целиот разговор, во кој г-дин Тасев детално зборува за мотивите и идните проекти, можете да го слушнете на следниот линк: https://audio.com/sportsko-radio-90-3-fm/audio/gotov-razgovor-so-gjorgji-tasev-gensekretar-mok-121125

Извор на соопштението

Претходно соопштение„Финансиски менаџмент во спортската администрација – буџетирање, стратешки планови, спонзорства и партнерства
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Лавовски победен унгарскиот џин: Еурофарм Пелистер го сруши ПИК Сегед