Ѓорче Петров ЖРК освојувач на Куп на Македонија во женска конкуренција – Ракометна Федерација на Македонија

134
Ѓорче Петров ЖРК освојувач на Куп на Македонија во женска конкуренција – Ракометна Федерација на Македонија

Во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје се одржа Фајнл Фор турнирот во Куп на Македонија во женска конкуренција. Во финалната средба, Ѓорче Петров ЖРК ја совлада екипата на ЖРК Чаир Скопје со 36-24 на полувреме 19:14 и се закити со златниот медал.

Претходно во полуфиналниот натпревар екипата на Ѓорче Петров ЖРК славеа против Жрк Куманово со резултат 14:31, а во вторниот полуфинален натпревар ЖРК Чаир Скопје беа поуспешни од екипата на ЖРК Вардар со резултат 28:32.

На церемонијата што се одржа по завршувањето на финалето, пехарот го додели Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, г-дин Живко Мукаетов.

Доделени беа и индивидуалните признанија:
Најкорисен играч (МВП): Марија Јанкуловска (Ѓорче Петров ЖРК)
Најдобар стрелец: Леонора Рахмани (ЖРК Чаир Скопје)
Најдобар голман: Магдалена Којовиќ (ЖРК Чаир Скопје)

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОдржани работни средби со Работната група со сите чинители за спроведување на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година
Следно соопштениеОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО