ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО

105

Општина Битола и Територијалната противпожарна единица, традиционално го одбележаа 20 мај – Денот на пожарникарството во Македонија. По овој повод, пред спомен плочата кај противпожарната зграда, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски и претставници на Советот на општина Битола. Градоначалникот Коњановски, заблагодарувајќи им се за успешната работа на пожарникарите, потсети дека, оваа локална самоуправа започна со реализација на проектот кој е долгогодишна потреба на ТППЕ Битола, а се однесува на изградбата на нов противпожарен дом. Исто така, годинава за првпат беа доделени златни плакети за посебен придонес, посветеност и професионалност во работењето на двајца пожарникари кои заминуваат во пензија и една златна плакета на пензиониран командир за неговиот посебен придонес во развојот и напредокот на ТППЕ Битола. „ Дозволете во мое лично име и во име на вработените во локалната самоуправа, да го честитам 20 Мај – Денот на пожарникарите на Македонија. Славиме исклучителен јубилеј, 188 години од првата противпожарна единица на Балканот, формирана 1836 година во Битола. Тоа е голем јубилеј и во таа насока како локална самоуправа сакаме да оддадеме почит на сите оние кои се вложиле во чувањето на нашите добра, на нашите животи. Ова е многу значајна институција, во која ние навистина сакаме да дадеме придонес, но и да ги подобриме услоовите за нивното работење. Во таа насока, покрај повеќегодишните напори да се направи нешто во тој однос, за подобрување на стандардот и условите во кои работат овие наши херои, оваа година, веќе отпочнавме со работите на […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЃорче Петров ЖРК освојувач на Куп на Македонија во женска конкуренција – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеМицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата