ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СОТИР ЛУКРОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ДЕЖУРНИТЕ ЕКИПИ ВО НОВОГОДИШНАТА НОЌ  

105
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СОТИР ЛУКРОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ДЕЖУРНИТЕ ЕКИПИ ВО НОВОГОДИШНАТА НОЌ  

  Во текот на новогодишната ноќ градоначалникот Сотир Лукровски ги посети дежурните служби од итната медицинска помош при поликлиника Букурешт, Противпожарната единица-Тафталиџе и Полициската станица Карпош, кои интервенираат на територија на општината и пошироко. При посетата на итната медицинска помош во поликлиниката Букурешт, раководителката на службата Анита Димовска и директорот на Здравствен дом Самир Исени го информираа градоначалникот Лукровски дека службите се подготвени да ги примат сите пациенти кои ќе имаат потреба од тоа. За евентуални пожари и слични проблеми, командирот на единицата од Противпожарната единица во Карпош, Миќо Савовски, истакна дека дежурните противпожарни служби се подготвени навремено да интервенираат и да помагаат на жителите од Карпош и околината. Дежурната екипа на противпожарната единица за оваа новогодишна ноќ ја сочинуваат Цане Пројковски, Зоран Рајчин и Жарко Андриески. Командирот на ПС Карпош Стефан Тасевски при средбата изјави дека полициските служби се подготвени за сите потребни интервенции во текот на новогодишната ноќ, а воедно, службите редовно ќе патролираат низ општината со цел одржување на јавниот ред и мир. Во полициската станица во Карпош вечерва беа присутни и сменоводителот Бурхан Сулис, помошник командирот Милорад Јосифовски, началникот на ОКР Карпош Давор Дракуловски и Елвир Љимај – началник на ЕВР Карпош. Во рамки на вечерашната посета, не изостана ниту општинската зграда каде градоначалникот Лукровски оствари средба со чуварот Трајче Стојановски при која се информираше за состојбата со безбедноста на објектот на локалната самоуправа. Градоначалникот Сотир Лукровски им се заблагодари на сите дежурни екипи за нивното несебично залагање и помош на граѓаните и им посака среќа во Новата година и мирна ноќ на сите.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЧЕСТИТКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МОК, ДАНИЕЛ ДИМЕВСКИ ПО ПОВОД НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ
Следно соопштениеНиколоски низ видео приказна потсетува на најзначајните проекти од 2025 година