ХОРИСТИТЕ ОД ООУ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ ” ПОВТОРНО ГО ОСВОИЈА МУЗИЧКИОТ ТРОН ВО КАРПОШ

4
ХОРИСТИТЕ ОД ООУ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ ” ПОВТОРНО ГО ОСВОИЈА МУЗИЧКИОТ ТРОН ВО КАРПОШ

Многу емоции, прекрасна кореографија и впечатлив сценски настап го одбележаа хорскиот училишен натпревар, кој се одржа денеска во просториите на училиштето  „Петар Поп Арсов“.  Во рамки на оваа традиционална културно – уметничка манифестација, која по седми пат ја организира  Одделението за образование од Општина Карпош, учествуваа млади хористи од девет основни училишта на територија на локалната самоуправа. Според високите критериуми на стручното жири, најпрестижното место на овогодинешниот музичкиот престол го освои ООУ „Димо Хаџи Димов” бравурозната изведба на македонскиот фолклорен бисер „Дафино вино црвено” под менторство на наставничката Невена Маркоска.

                Нијансите и музичките финеси одлучуваа за денешниот пласман на најдобрите хористи, а во овој случај тричленото жири одлучи второто место да му додели на хорот од ООУ „Владо Тасевски“, кои со помош на наставничката Елизабета Станоевска ја подготвија нумерата „Вива Туте Леве Цозе“. Третото место го поделија хористите од основното училиште „Војдан Чернодрински“ со песната „Што ми е мило“ под менторство на наставникот Марио Лазаров и училишниот хор од ООУ „Јан Амос Коменски“ со интерпретација на познатата народна песна „На сред село тапан чука“, под менторската палка на наставничката Марија Златановска. На најдобриот хорски состав, Општина Карпош му додели 40.000 денари, второпласираните хористи добија 30.000 денари, додека пак двата треторангирани хориски состави ја поделија наградата од 20.000 денари.  

 

                Во оваа пригода, благодарници за учество во жири комисијата добија Дејан Стоев – солист, тенор и уметнички директор во Македонска опера и балет, Ѓурѓица Дашиќ – диригент – хор мајстор во НОБ и уметнички раководител на камерниот оркестар ,,Профундир”  и м-р Анета Марковска Илиевска, дипломиран професор по музика и помошник-раководител на Секторот за дејности од јавен интерес.

 

                На традиционалната манифестација присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, кој им ги врачи дипломите на хорските училишни состави кои годинава ги освоија првите три места.

  • Би сакал пред сѐ да им честитам на сите хористи за учеството, огромна е обврската на менторите за подготовка на вакви настапи, секоја чест за секој од вас. Продолжете вредно да работите, а ние и понатаму ќе бидеме вашата поддршка, бидејќи Општина Карпош знае да ги препознае вистинските вредности и да ги негува. – посочи Саракинов.

               

                Практикувајќи ја традицијата за стимулирање на учениците, родителите и наставниците во поглед на одржување на здравата животна околина, Општина Карпош по шести пат ги награди основните училишта кои најдобро го уредија својот еко-двор. Имено, оваа година првото место го освоија основците од ООУ ,,Лазо Трповски”, второто место го поделија ООУ „Петар Поп Арсов” и „Димо Хаџи Димов”, додека пак третата награда им припадна на  основците од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош”. Во таа насока, Општината му додели парична награда во вредност од 70.000 денари на првопласираното училиште, двете второрангирани училишта ќе ја поделат наградата од 50.000 денари, а третонаграденото училиште ќе добие еднократна финансиска поддршка од 30.000 денари.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОПШТИНА КАРПОШ ЈА ВОВЕДУВА УСЛУГАТА „ИТНО КОПЧЕ“
Следно соопштениеФилипче: Нашите деца да јадат корења, а нивните деца да патуваат со бугарски пасоши