Општина Карпош во соработка со Црвен крст на Град Скопје, започнува со воведување на услугата „Итно копче“ која е наменета за жителите од општината кои се на возраст над 65 години и живеат сами или со брачен партнер кој е во нарушена здравстена состојба.
Услугата „Итно копче“, функционира со иновативен аларм-уред кој на лицата им овозможува брз и лесен пристап до помош во секое време. Сѐ што е потребно е да го притиснат копчето на уредот, по што ќе добијат повик од операторот на контакт центарот на Итно Копче. По воспоставувањето на контакт, корисникот ќе ги сподели информациите за своите тегоби, а обученото лице ќе му даде понатамошни насоки. Доколку е потребно, ќе биде испратен тим за прва помош директно во домот на корисникот. Доколку постои потреба се обезбедува транспорт до соодветната установа/институција.
Тимот на Итно копче се состои од обучени професионалци, кои се грижат за своите корисници.
Лицата кои се заинтересирани за услугата, а кои ги исполнуваат критериумите наведени во Јавниот повик за аплицирање на услугата Итно копче во Општина Карпош ,може да се пријават на телефонскиот број 02/15330.
*Поради ограничен број на уреди корисниците ќе се одбираат по принципот ,, прв дојден, прв услужен “.
ЈАВЕН ПОВИК (ЛИНК)
