И кога се фатени живи не престануваат да лажат, криминалот за коридорот 8 е кај Владата на СДС, Ковачевски и Груби

95
И кога се фатени живи не престануваат да лажат, криминалот за коридорот 8 е кај Владата на СДС, Ковачевски и Груби

Почитувани,

СДС и кога е фатена жива како краде, не престанува да лаже. Тие велат дека ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа Бехтел. Вистината е дека криминалот е кај владата. Секој приватен субјект, фирма се бори да добие максимум во преговорите, но криминалот е што државата застапувана од Владата, Ковачевски и Груби ја ставија земјава во подредена состојба и прифатија да исплаќаат милиони како пенали и трошоци на приватен субјект.

Криминалот е во тоа што крими тандемот Ковачевски и Груби прифатиле да ги зголемат работните часови, а во спротивно ќе исплаќаат од државниот буџет милиони евра на приватна компанија. Воедно го изедначиле безаконието и важењето на законите преку тоа што во процесот на експропријација се изедначуваат дивоградбата и легалните објекти кои ќе бидат обештетувани по иста цена.

Очигледно е дека Ковачевски фатен жив како краде има потреба да вклучува и влади на други држави само за да се оправда. Не е крива Бехтел и Енка што премиерот Таче има лепливо раче.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Несреќен пораз на Еурофарм Пелистер 2 од борбениот Бутел Скопје
Следно соопштениеЗа катастрофата во Скопје одговорноста е кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ