Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвојува 250 милиони евра годишно за општините за капитални инвестиции – за еден мандат тоа се 1 милијарда евра за канализации, водоводи, патишта, училишта, градинки

112
Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвојува 250 милиони евра годишно за општините за капитални инвестиции – за еден мандат тоа се 1 милијарда евра за канализации, водоводи, патишта, училишта, градинки

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 250 милиони евра од буџетот на државата за инвестиции во капитални проекти на општините. 

Оваа власт на СДС и ДУИ ги опструира, ги кочи и им одмага на локалните самоуправи раководени од страна на градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

После промената на власт нема да се прави никаква дискриминација и ќе се помагаат сите општини врз основа на нивните потреби и капацитети.

ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во вистинските потреби на граѓаните, во патишта, улици, водоводи, канализации, училишта и детски градинки.

За еден мандат над 1 милијарда евра ќе се инвестираат во подобрување на условите за живеење на секој човек. Додека во време на владата на ДУИ и СДС годишно 250 милиони евра „испаруваат“ заради метастазираната корупција и криминал, во иднина тие пари ќе завршат за сериозни инфраструктурни проекти во секоја општина.

На тој начин секој човек ќе може да почувствува повисок стандард на живот, поблиску до европскиот, а не само декларативните изјави на сегашните владини функционери кои со едната рака мавтаат европски знамиња, а со другата рака ги полнат своите џебови.

Доаѓаат промени, доаѓаат подобри времиња за граѓаните.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДПМНЕ е против 662 милиони евра да завршат кај народот, тие се против пензионерите, студентите, учениците, компаниите
Следно соопштениеЗнаеме дека приоритет на Ковачевски се винските средби, но сепак лидерските се важна работа која не се договара преку медиуми