Знаеме дека приоритет на Ковачевски се винските средби, но сепак лидерските се важна работа која не се договара преку медиуми

113
Знаеме дека приоритет на Ковачевски се винските средби, но сепак лидерските се важна работа која не се договара преку медиуми

СДС продолжува да се однесува незрело и неодговорно за крупни прашања за државата, но сепак благодариме за разбирањето кое го имаат за агендата на претседателот Мицкоски. 

Очекуваме да го потврдат Собранието како место за лидерската средба и форматот. Очекуваме сериозни одлуки на лидерската средба и нема да го коментираме лошиот и неинвентивен смисол на хумор на Центарот за комуникации на СДС кој сепак не ја покрива потребата Ковачевски да биде концентрирано присутен еден час на лидерска средба.

Народот од нас очекува одлуки, а не расправи во стилот „теткински озборувања на пазар“ или веселби на вински фестивали кои траат по неколку денови чиј љубител е токму лидерот на СДС.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИдната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвојува 250 милиони евра годишно за општините за капитални инвестиции – за еден мандат тоа се 1 милијарда евра за канализации, водоводи, патишта, училишта, градинки
Следно соопштениеИзвлечени елиминационите парови од Куп на Македонија во машка конкуренција – Ракометна Федерација на Македонија