„Истакнатите правници“ повторно го положија испитот по незнаење

12
„Истакнатите правници“ повторно го положија испитот по незнаење

Седницата на Уставниот суд каде се расправаше за поднесената Иницијатива на Левица, покажа дека дел од самопрогласените “истакнати правници“ не успеаја да ја совладаат ни најелементарната лекција од уставното право – дека Уставниот суд не ги штити сопствените суети, туку Уставот. Наместо да ја оценуваат уставноста врз основа на денешната фактичка состојба, тие се сокрија зад одлука донесена во сосема поинакви околности, како да се работи за света реликвија, а не за акт кој мора да се преиспита кога реалноста суштински ќе се промени.

Во текот на расправата, дел од судиите упорно се повикуваа на одлуката од 2023 година, како во правото да постои правило дека ако еднаш сте одлучиле, веќе никогаш не смеете повторно да размислувате.

Тоа е исто како доктор да му препише терапија на пациент врз основа на снимка направена пред три години, без да го прегледа денес. Или како судија да пресуди сообраќајна незгода според фотографија од патот направена пред реконструкцијата, игнорирајќи дека денес таму има кружен тек наместо крстосница. Законот е ист, но фактите повеќе не се.

Просто, затоа што има НОВИ и БИТНО ПРОМЕНЕТИ ОКОЛНОСТИ, т.е. тука е применлива клаузулата rebus sic stantibus, позната уште од Римското право. Тоа значи дека вие не можете да се повикувате на „доследност“ кон некоја мината субјективна одлука, кога пред очи објективните околности драстично се смениле, односно фактичката состојба суштински и енормно се променила до тој степен што доведува до неможност на примена на постоечкото материјално право, кое не соодветствува на реалноста и веќе може да се примени врз новите факти и околности, затоа што тие во меѓувреме битно се промениле – па ако се обидете да ги супсумирате под истата неприменлива правна норма, добивате она што во правото се нарекува „заблуда за фактите“ (лат. error facti).

Во 2023 година Уставниот суд одлучувал во фактичка состојба во која не постоеше партија целосно исклучена од можноста за медиумско рекламирање за изборите. Денес таа состојба постои. И тоа не е политички став, туку факт. И токму тој факт дел од судиите решија да го игнорираат.
Уште поапсурдно е што новата фактичка состојба ја препознаа ДИК, ААВМУ, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, ОБСЕ/ОДИХР и IFES. Значи, институциите што го применуваат Изборниот законик и најрелевантните домашни и меѓународни тела ја видоа промената. Само дел од “истакнатите правници“ останаа заробени во 2023 година.

Со “истакнати правници“ како Татјана Васиќ Бозаџиева, Добрила Кацарска, Фатмир Скендер и Насер Ајдари, човек почнува да разбира зошто јапонскиот професор Јоичи Хигучи предупредувал дека најдобрата заштита од судократијата е интелектуалниот профил на судијата.

The post „Истакнатите правници“ повторно го положија испитот по незнаење first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРаботниците умираат – Мицкоски се смее!
Следно соопштениеНе прашувајте дали ќе го изгубиме статусот – запрашајте се што остана од Охрид