ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА СО УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА

100
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА СО УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА

Општина Карпош Ве известува дека будно ја следи состојбата со зголемениот број на улични кучиња на наша територијата и од тие причини веднаш реагиравме до Град Скопје и ЈП Лајка со барање за заедничка соработка и решавање на овој проблем. Екипите од ЈП Лајка веќе се на терен на повеќе локации во општината при што се врши заловување и хуман третман на кучињата согласно процедурите и стандардите за благосостојба на животните.

Евидентно е дека бројот на бездомните кучиња во последните неколку денови е зголемен, па затоа, во соработка со Градот ќе работиме интензивно на изнаоѓање на решение за моменталната состојба, како и на трајно решавање на проблемот со уличните кучиња.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеГероски ја потврди стратегијата за изолација
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Стевче Алушовски е нов тренер на Еурофарм Пелистер!