РК Еурофарм Пелистер – Стевче Алушовски е нов тренер на Еурофарм Пелистер!

96
РК Еурофарм Пелистер – Стевче Алушовски е нов тренер на Еурофарм Пелистер!

Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.

Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд. Прозивката на новиот тренер е закажана за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА СО УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА
Следно соопштениеСДС да се фокусира на своите криминални шеми и внатрепартиски проблеми, а не да манипулира за дневнополитички поени