СДС да се фокусира на своите криминални шеми и внатрепартиски проблеми, а не да манипулира за дневнополитички поени

102
СДС да се фокусира на своите криминални шеми и внатрепартиски проблеми, а не да манипулира за дневнополитички поени

СДС си продолжува со старата матрица на неосновани обвинувања и политички конструкции, без ниту еден конкретен доказ за незаконско постапување.

Уште еднаш е јасно дека СДС демонстрира површност и непрофесионалност.

Сите Јавни набавки спроведени од општините и од Град Скопје се реализирани согласно Законот за јавни набавки, преку транспарентни и јавно објавени постапки, достапни за проверка од сите надлежни институции.

Наместо да шири шпекулации и наводи од анонимни свиркачи, СДС треба да одговори за сопствените корупциски скандали и за уништената доверба на граѓаните во институциите за време на нивното “успешно“ владеење, кога ја пљачкаа државата, ги уништуваа институциите и го осиромашуваа народот, за сега со украдените пари да тераат бизниси по светски дестинации како Дубаи.

Граѓаните заслужуваат сериозна и одговорна политика, а не импровизации за дневнополитички поени.

И за крај, СДС кога веќе зборуваат за фотеЉата на Орце, добро е прво нивниот АКТ тим да научи како се пишува зборот, затоа што кога не се знае правопис, тешко се држи лекција за политика!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Стевче Алушовски е нов тренер на Еурофарм Пелистер!
Следно соопштениеПетрушевски: Скапо платените опозициски пратеници на Левица повторно ги немаше денеска во Собранието кога носевме клучни измени на Кривичниот законик