Јаневска да каже што направила, а не кој бил министер пред неа

44
Јаневска да каже што направила, а не кој бил министер пред неа

Во однос на “демантот” на министерката Јаневска за ревизорскиот извештај, потсетуваме дека работа на секој министер е да го штити јавниот интерес и буџетот на граѓаните, без оглед на партијата на власт или на претходната.

Ако министерката Весна Јаневска смета дека повикување на јавно достапен извештај од Државниот завод за ревизија и легитимно прашување за тоа што таа направила по негативните забелешки на државниот ревизор е манипулација на јавноста, тогаш министерката треба да се потсети дека е државен службеник со највисоки ингеренции.

Овие ингеренции ѝ дозволуваат да покрене ПОСТАПКИ, процеси и механизми за заштита на јавниот интерес, особено кога државен ревизор дава негативно мислење и да ги отстрани, а не да ги продолжува.

Ирелевантно е кој министер и која партија била на власт за време на ревизијата. Не може секој нов министер да работи во дисконтинуитет и да врти глава настрана на потврдени незаконитости од претходните гарнитури. Освен ако нема партиски договор.

Јавно ја повикуваме министерката Јаневска наместо паушална изјава за една покрената мерка – да даде ДЕТАЛЕН ОТЧЕТ што направила за да се спроведе секоја забелешка на државниот ревизор, откако стапила на функцијата. Наодите на државниот ревизор мора да бидат сериозно сфатени, и јавниот интерес заштитен. Никој, па ни министерката за образование, не е недопирлив пред законот и пред граѓаните.

The post Јаневска да каже што направила, а не кој бил министер пред неа first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО РАКОМЕТ НА ПЛАЖА ПОДГОТВЕНА ЗА НОВ ПРЕДИЗВИК!
Следно соопштениеКолку пари требал да инкасира Богац за наместениот тендер за чистење на царинските терминали, вреден 18 милиони денари?