Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека машката сениорска репрезентација во ракомет на плажа ќе се собере на 08.06.2026 година во 13:00 часот во хотелот “Green Space” во Охрид, со што официјално ќе ги започне подготовките за претстојниот меѓународен турнир во Полска.
За селектор на македонската репрезентација во ракомет на плажа е назначен г-дин Наум Бабачев.
По неколкудневните подготовки, националниот тим ќе отпатува за градот Плоцк, Полска, на 12 јуни, каде ќе учествува на меѓународен турнир во конкуренција на европски селекции.
Распоред на натпреварите:
13.06.2026 сабота:
Македонија – Чешка | 10:30 – 12:00 часот
Германија – Македонија | 17:30 – 19:00 часот
14.06.2026 недела:
Полска – Македонија | 11:00 – 12:30 часот
Сите натпревари можете да ги гледате ОВДЕ.
Турнирот претставува уште една можност за нашата репрезентација да стекне значајно меѓународно искуство и да го промовира македонскиот ракомет на плажа на европската сцена.
По завршувањето на натпреварите, репрезентацијата се враќа во Македонија на 15 јуни.
На селекторот Наум Бабачев, стручниот штаб и репрезентативците им посакуваме успешни подготовки и многу успех на претстојните натпревари.
