КАРПОШ ИЗБИРА НАЈДОБАР ЕКО-УЧИЛИШЕН ДВОР

108
КАРПОШ ИЗБИРА НАЈДОБАР ЕКО-УЧИЛИШЕН ДВОР

Заштитата на животната средина е една од основните цели на општина Карпош. Токму во таа насока, локалната самоуправа објавува јавен повик за избор на најдобро уреден училишен двор или дел од дворот.Уредувањето на училишен двор ја зголемува еколошката свест и потикнува зголемување на мотивираноста за негово одржување.

 Право на учество на јавниот повик имаат сите десет основни училишта.

 Затоа ги охрабруваме сите чинители, заедно да ја подготват проектната апликација и да конкурираат за награди од 70.000 денари (за прво место), 50.000 денари (за второ место) и 30.000 денари ( трето место).

Рокот за аплицирање е до 07.05.2024 година.

Линк до Јавен оглас  – https://shorturl.at/lsMO1 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСаити му додели признание на Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски
Следно соопштениеПендаровски само озборува и пласира невистини, поднесувањето на кандидатурата е технички процес, Силјановска Давкова имаше историски најголем одзив и поддршка од граѓаните