Пендаровски само озборува и пласира невистини, поднесувањето на кандидатурата е технички процес, Силјановска Давкова имаше историски најголем одзив и поддршка од граѓаните

103
Пендаровски само озборува и пласира невистини, поднесувањето на кандидатурата е технички процес, Силјановска Давкова имаше историски најголем одзив и поддршка од граѓаните

Свесни сме за интенцијата на Пендаровски и СДС да продолжат со креирање на теми кои се надвор од реалноста и ова е уште доказ за нивната единствена желба да го затскријат својот неуспех и пораз кои ги очекува.
Поднесувањето на кандидатурата е технички процес, професорката Силјановска Давкова имаше историски најголем одзив од граѓаните при собирањето на потписите за нејзината кандидатура и тоа е она што е најголема болка за Пендаровски и СДС.
Поддршка од граѓаните е јасна и недвосмислена, а СДС и Пендаровски во истата ќе се уверат на 24 Април и 8 Мај.
Му препорачуваме на Пендаровски барем во неговите последни денови од мандатот да ја напушти неговата најсилна карактеристика – озборување и пласирање на невистини во јавноста.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКАРПОШ ИЗБИРА НАЈДОБАР ЕКО-УЧИЛИШЕН ДВОР
Следно соопштениеНиколоски: Ставањето на црната листа на Јанева докажа дека првиот човек на СЈО ја користела позицијата за сопствен бенефит и корист наместо за враќање на правдата во Македонија