Левица најостро реагира на скандалозното и неодговорно однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој со месеци не се појавува на работното место, не присуствува на владините седници, не одговара пред Собранието, а притоа продолжува да ја користи функцијата и БЕНЕФИТИТЕ што ги плаќаат граѓаните на Македонија.
Додека Владата на Мицкоски секојдневно им порачува на граѓаните дека „НЕМА ПАРИ“ за повисоки плати, помош за ученици, здравство и социјални мерки, истата таа Влада дозволува функционер кој не доаѓа на работа да продолжи да зема плата, дневници и да патува на егзотични дестинации.
Ова е класичен пример на расипничко и неодговорно владеење, каде државните функции се третираат како приватна сопственост, а буџетот како партиски плен. Скандалозно е што премиерот Христијан Мицкоски со недели МОЛЧИ и не презема никаква одговорност, иако јавно беше потврдено дека Фетаи не доаѓа на работа и самиот не се гледа повеќе како дел од Владата.
Левица јавно прашува:
•КОЛКУ народни пари се исплатени за плати, патни трошоци и привилегии на функционер “за добро владеење” кој не ја извршува функцијата?
•Дали Владата ќе иницира ПОСТАПКА за утврдување одговорност за несовесно и ненаменско трошење државни средства?
Бараме ИТНО РАЗРЕШУВАЊЕ на вицепремиерот Арбен Фетаи и отворање постапка за проверка на сите исплати и трошоци направени за време на неговото отсуство. Дополнително, овој случај уште еднаш ја потврдува суштината на оваа власт: ароганција, неодговорност и расипничко трошење на народните пари, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
![]()
