Во рамки на редовните програмски активности, општинските служби неделава беа ангажирани на повеќе локации низ локалната самоуправа, притоа интервенирајќи при сервисирање, уредување, реконструкција и санација на разни дефекти.
Имено, стручните лица во средата излегоа на терен и ги санираа дефектите на улучното осветлување во реонот на урбаните заедници Влае 1 и Влае 2. Во текот на вчерашниот ден, екипите работеа на поправка на лед светилките во урбаните заедници Карпош 3 и Карпош 4. Оваа акција продолжува и денеска на неколку локации низ Карпош 3, Карпош 2 и Карпош 1, а истата ќе трае сѐ додека не се доведат во исправна состојба сите лед светилки на целата територија на Карпош.
Општинските служби работеа и го санираа дефектот со скинат кабел кој предизвика прекин на уличното осветлување на дел од улиците Леринска и Ловќенска во населбата Козле.
Тековно се спроведуваат и активностите за косење и одржување на зелените површини, кои се во надлежност на Општина Карпош. Во текот на денешниот ден, службите за одржување на зеленилото работат на територија на урбаната заедница „Пецо Божиновски Кочо“ (Жданец и Трнодол), додека пак работниците задолжени за одржување на хигиената на јавниот простор, тековно и редовно ги извршуваат своите работни задачи на јавниот простор во Карпош.
Работиме секојдневно, одговорно и посветени во служба на граѓаните.
