Костовски: Министерката Петровска повторно ја замајува јавноста и свесно бега од мојата идеја за споменик на загинатите бранители во Општина Бутел

142
Костовски: Министерката Петровска повторно ја замајува јавноста и свесно бега од мојата идеја за споменик на загинатите бранители во Општина Бутел

Министерката Славјанка Петровска повторно ја замајува јавноста и свесно бега од мојата идеја за споменик на загинатите бранители во Општина Бутел!

Зошто да ја дуплираме постапката кога веќе таа започна во Општина Бутел?

Зошто министерката прави се за Општина Бутел да биде исклучена од процедурата за поставување споменик?

Јавноста кристално јасно знае чива е идејата за споменик на паднатите македонски борци кај Љуботенски бачила. Министерката немаше абер за споменик пред кас да и дадам јавно предлог!

Веројатно постапката со која министерката сака да се подигне споменик е преку Собранието на Р. Македонија, со носење на програма за изградба на меморијален споменик. Ако е така ? Тогаш таа свесно дополнително ја комплицира целата работа во политички, процедурален и временски аспект.

Очигледна е намерата Славјанка Петровска да избега од мојата идеја за споменик во Бутел, доколку избега ние како Општина Бутел ќе изградиме сами!

Линк од фејсбук објава на Дарко Костовски градоначалник на Општина Бутел

https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel/posts/pfbid038FaTgkQYh18mCAM6P5ZL5MSkWQu1FXG42KJLNgwrG2U3pYFvg47YFgDLW2pcwr9Yl

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСелекторот на женската сениорска репрезентација Кристијан Грчевски го објавува списокот на ракометарки повикани за собир и настап – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеТРИТЕ НОВИ ДЕТСКИ ПАРКОВИ – РАДОСТ ЗА НАЈМЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ