Селекторот на женската сениорска репрезентација Кристијан Грчевски го објавува списокот на ракометарки повикани за собир и настап – Ракометна Федерација на Македонија

134

Селекторот на женската сениорска репрезентација, г-дин Кристијан Грчевски го објавува скратениот список на ракометарки повикани за собир и настап на претстојните натпревари против репрезентациите на Азербејџан и Литванија во рамки на Women’s EHF EURO 2024 Qualifiers.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА СОБИР И НАСТАП

WOMEN’S EHF EURO 2024 ќе се оддржи во три држави и тоа: Австрија , Унгарија и Швајцарија во период од 28.11 – 15.12.2024 година.

Женската сениорска репрезентација на Македонија во квалификаиите е дел од групата 5 заедно со репрезентациите на Шпанија, Азербејџан и Литванија.

На претстојната ЕХФ недела (09.10 – 15.10.2023) нашата женска сениорска селекција ќе оддигра два квалификациски натпревари против Азербејџан и Литванија.

Сениорките првиот натпревар во квалификациите го играат на домашен терен против Азербејџан на 11.10.2023 во СЦ Јане Сандански во мала сала со почеток во 18:00 часот, потоа на 15.10.2023 следи натпревар на гостински терен во Вилнус против репрезентацијата на Литванија со почеток во 16:00 часот во Arena Avia Solutions Group (ASG ARENA).

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски на средба со ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: Надвор од здрав разум е докажани криминалци да се ослободат, законот ќе се блокира, ако стават европско знаменце пратениците ја напуштаат работата на собранието
Следно соопштениеКостовски: Министерката Петровска повторно ја замајува јавноста и свесно бега од мојата идеја за споменик на загинатите бранители во Општина Бутел